КОРИСНИ СОВЕТИ

Како до совршен изглед на вашата метална ограда, со само еден премаз?!

Сведоци сме на енормно покачување на секојдневните животни трошоци за храна, производи за домаќинство и хигиена, електрична енергија…

Овој не популарен тренд на покачување на цените е присутен и во индустријата на бои и лакови па поради тоа ви препорачуваме производи со кои може да ја завршите посакуваната работа квалитетно, а воедно и да заштедите.

Ви го претставуваме специјалниот премаз на Зорка колор – ЗОРАЛУКС Антика емајл директ (3во1). Овој производ може да се нанесува директно на метал, на претходно исчистена површина (со шмиргла или челична четка) без користење на антирост и основна боја (миниум) со што заштедувате средства за купување на дополнителни 2 производи (околу 350 денари). Зоралукс антика директ се препорачува за заштита на надворешни и внатрешни метални површини, а посебно е погоден за заштита на огради, влезни порти и украсни елементи од ковано железо. По нанесување металните површини добиваат рустичен сјај – изглед на антика.

Се разредува со разредувач Зорка 5220, а достапна е во црна и сива нијанса.

Овој квалитетен премаз е наменет за мајстори но и за сите ентузијасти кои слободното време сакаат да го искористат во активности за разубавување на амбиентот за живеење.