КОРИСНИ СОВЕТИ

Обновете ги Вашите собни врати во 4 чекори

Нашите домови од време на време треба да се обноват, да се исфарбаат и да добијат нов сјај. Една од многуте работи кои не толку често ги обновуваме се собните врати. Најчесто бојата им е избледена или пожолтена, а не изостануваат местата каде бојата е оштетена или недостасува парче боја поради физички оштетувања.

Епа, време е да се зафатите со нов предизвик и самите да им дадете нов живот на вашите врати.

Откако ќе ги отстраните вашите собни врати, поставете ги хоризонтално на подлога која ќе ви овозможи фиксирање на истите и прилагодена висина за работа.

Вашите собни врати со нов сјај во 4 чекори!
Вашите собни врати со нов сјај во 4 чекори!
  1. Првин е потребно вратите да се поминат со абразив (шмиргла) со гранулација p180 –  Sia flex, преку целата површина. Со тоа ќе се отстранат сите нерамнини а воедно и стариот лак или премаз.
  2. Во вториот чекор користиме акрилен кит за дрво, Zorka Decolux akrilni kit za drvo за пополнување на сите нерамнини. Китот се нанесува со шпакла со мала димензија.
  3. Во третиот чекор нанесуваме основна боја за дрво – бела AQUAMAX wood primer – на водена база. Овој основен премаз е еколошка, покривна и висококвалитетна основна боја за дрво. Добро ги блокира сите флеки и ја намалува потрошувачката на завршниот премаз.
  4. Во овој последен чекор нанесуваме завршна боја на водена база – AQUAMAX wood and metal paint – акрилен емајл – бел а може да се тонира во нијанса по ваша желба. Овој премаз е висококвалитетен – еколошки и се одликува со постојаност на нијанса и одлична покривна моќ.

Се надеваме дека овие 4 чекори се доволна инспирација за сами да го завршите овој мини проект во Вашиот дом. Доколку имате потреба нешто да не прашате, слободно искористете ја можноста и пишете ни на овој линк или пак на нашата Facebook Fan страна.