ИРКОЛИН ГОЛД

Главни предности:

  • Содржи висок процент на восок, што премазот го прави исклучително еластичен.
  • Водоодбивен и УВ отпорен премаз
  • Способност на регенерација под влијание на сончева топлина
  • 13 стандардни нијанси
  • Го штити дрвото од 7 до 10 години

Апликација

Пред употреба на лазурата Ирколин Голд, неопходно е истата да се загрее на сонце или радијатор за да дојде до хомогенизирање на восокот. На тој начин лазурата се нанесува многу полесно и се добива воедначен филм и дебелина. Лазурата се нанесува со четка, ваљак или пиштол во еден или две тенки раце.

На ново – нетретирано дрво

За нанесување на меко дрво, потребно е нанесување на Ирколик класик лазурата како претпремаз на ИРКОЛИН ГОЛД. Доколку е во прашање тврдо дрво, како предпремаз може да се користи Аквалин лазура на водена база. Помеѓу двата слоја се препорачува стругање со фин абразив п280-п320.

На веќе третирано дрво

Во овој случај се препорачува отстранување на стариот и слабо носив лазурен премаз, потоа се нанесува Ирколин Голд во 1 или 2 раце.

Важно е!

Во текот на нанесувањето, лазурата повремено да се промеша, за да се избегне таложење на пигменти и невоедначеност на нијансата.

Категорија
SHARE

Specifications

SHOPPING BAG 0