MAXIMO® WB 1К Полиуретански завршен лак за паркет
Eдно-компонентен, завршен лак за паркет на база на полиуретански врзувачи и специјални адитиви дисперзирани во вода. Наменет е за заштита и декорација на паркет (ламелен, класичен, мозаик) и други дрвени подни површини во ентериерот. Се одликува со екстремна отпорност на абење, висока цврстина, одлична адхезија и не пожолтува. Отпорен е на благи хемикалии и лесно се одржува. Производот е безбоен и скоро и без мирис. Производите можат да бидат мат, полумат и сјајни.
1 l, 5 l
Потрошувачка: 8-10 m2/L, за еден слој, во зависност од квалитетот на површината, техниката и начинот на нанесување.