Пред почнување на проект за боење на различни површини секогаш е потребна соодветна подготовка на површината. Доколку првиот чекор во вашиот нов проект е отстранување на старата боја, тука е BODY 700 Paint remover – Демол. Станува збор за транспарентен премаз кој ефикасно ја отстранува бојата од сите метални и пластични површини.
BODY 700 Paint remover се користи на многу едноставен начин.
Премазот се нанесува со четка директно на површината од која се отстранува бојата. Се нанесува во 1-2 слоја и се остава 30 – тина минути за да дојде до реакција со старата боја. По поминување на потребното време третираната површина со старата боја набaбрува и може лесно да се отстрани со метална шпакла или челична четка.
НАПОМЕНА: Боди 700 комплетно ќе ја отстрани бојата без притоа да је оштети површината под бојата.
Погоден е за користење и во авто-репаратура како средство за отстранување на прајмери, заштитни премази и авто-лакови.