КОРИСНИ СОВЕТИ

Irkom 3 во 1 боја за метал: Најдоброто решение за долготрајна заштита на метални површини

Што е Irkom 3 во 1 боја за метал и како функционира?

Irkom 3 во 1 боја за метал е брзосушива боја која комбинира три намени во еден производ: анти-корозивен слој (антирост), основна боја и завршен боја. Оваа боја е специјално дизајнирана да го заштити металот од корозија, создавајќи водоотпорен слој кој ги спречува штетните атмосферски влијанија. Произведена е како комбинација од најдобрите карактеристики на уљани и нитро бои, обезбедувајќи долготрајна заштита, еластичност и брзо сушење.

Irkom 3 во 1 боја за метал се нанесува директно на корозирани метални површини, откако ќе се отстранат грубите и слабо носиви делови на металот. Ова ја прави идеална за употреба на метални огради, врати, олуци, радијатори, па дури и на земјоделски машини. Дополнително, нејзината специјална формула, овозможува долготрајна заштита на металот од 5 до 15 години

Како правилно да ја нанесете на нови метални површини

За најдобри резултати при нанесување на Irkom 3 во 1 боја за метал на нов метал, потребно е да се отстранат сите маснотии и нечистотии од со нитро разредувач. Ова е важен чекор бидејќи ако површината не е добро исчистена, премазот нема да ја создаде посакувана атхезија

Откако површината е чиста, бојата се нанесува со четка, валјак или пиштол за фарбање. Бојата мора да се добро промеша со соодветна алатка (лењир или сл.) Потоа премазот се разредува користејќи го специјалниот разредувач Irkom R. Бојата треба да се разреди од 5% до 20%, во зависност од методот на нанесување. Првиот слој треба да биде тенок, додека вториот слој треба да се нанесе подебело, најдоцна 4 часа по првиот слој. Поради фактот дека IRKOM 3 во 1 e создаден од повеќе од 20 различни состојки, неоходно е користење на специјален разредувач R1 кој единствено може да ги хомогенизира сите состојки на премазот.

По нанесување, дебелината на мокриот филм треба да изнесува 180 микрони, а на сувиот филм 120 микрони. Оваа дебелина на слојот обезбедува оптимална заштита, спречувајќи продор на кислород и појава на корозија.

Примена на стари метални површини и одржување

Кога станува збор за стари и кородирани метални површини, Irkom 3 во 1 боја за метал е идеална опција за обнова и долготрајна заштита. Прво, треба да се исчисти старата корозија со помош на шмиргла или челична четка, а потоа прашината се отстранува со разредувач. Не е потребно да се отстранат сите траги од фина корозија, бидејќи бојата директно се врзува за нив.

Оваа боја се нанесува и на стари премази кои се постари од две години, без разлика дали старата боја е на уљена или нитро база. Важно е површината да биде добро подготвена и да не се лупи, за да се обезбеди добро атхезија на новиот слој.

Зошто Irkom 3 во 1 боја за метал е најисплатливото решение за вашите метални површини?

Irkom 3 во 1 боја за метал е економично и практично решение, бидејќи ги комбинира функциите на три производи во еден – антирост, основна боја, завршен слој. Ова значи дека не само што штедите пари на материјали, туку и време и труд, бидејќи целиот процес на бојадисување може да се заврши во еден ден.

Исто така, овој производ е познат по својата висока покривност, каде што пакувањето од 1 кг покрива од 6 до 8 квадратни метри во еден слој. Идеален е за употреба на различни типови метални површини, како што се огради, врати, радијатори и земјоделски машини. Дополнително, Irkom 3 во 1 боја за метал може да се користи и на дрво и пластика.

Чести грешки при користење и како да ги избегнете

За да го добиете најдобриот ефект од Irkom 3 во 1 боја за метал, важно е да се избегнат неколку чести грешки:

  • Лошо мешање на бојата: Бојата мора да се меша правилно за да се добие хомогена смеса, без тресење.
  • Нанесување недоволен слој: Секој слој треба да биде доволно дебел за да обезбеди оптимална заштита.
  • Корисење несоодветен разредувач: Користете го само препорачаниот Irkom R1разредувач за да се осигурите дека бојата ќе се раствори правилно.

Заклучок

Irkom 3 во 1 боја за метал е едно од најдобрите решенија за долготрајна заштита на метални површини. Со својата 3 во 1 формулација, лесно нанесување и долготрајна заштита од корозија, оваа боја нуди врвна ефикасност и заштита на металните објекти. Обезбедете го вашиот метал со Irkom 3 во 1 боја за метал, заштитувајќи го од сите временски влијанија и корозија на долг рок. Бојата е достапна во 18 различни нијанси. Може да се нанесува и директно на поцинкувани површини!