Нашите домови од време на време треба да се обноват, да се исфарбаат и да добијат нов сјај. Една од многуте работи кои не толку често ги обновуваме се собните врати. Најчесто бојата им е избледена или пожолтена, а не изостануваат местата каде бојата е оштетена или недостасува парче боја поради физички оштетувања.
Епа, време е да се зафатите со нов предизвик и самите да им дадете нов живот на вашите врати.
Откако ќе ги отстраните вашите собни врати, поставете ги хоризонтално на подлога која ќе ви овозможи фиксирање на истите и прилагодена висина за работа.
- Првин е потребно вратите да се поминат со абразив (шмиргла) со гранулација p180 – Sia flex, преку целата површина. Со тоа ќе се отстранат сите нерамнини а воедно и стариот лак или премаз.
- Во вториот чекор користиме акрилен кит за дрво, Zorka Decolux akrilni kit za drvo за пополнување на сите нерамнини. Китот се нанесува со шпакла со мала димензија.
- Во третиот чекор нанесуваме основна боја за дрво – бела AQUAMAX wood primer – на водена база. Овој основен премаз е еколошка, покривна и висококвалитетна основна боја за дрво. Добро ги блокира сите флеки и ја намалува потрошувачката на завршниот премаз.
- Во овој последен чекор нанесуваме завршна боја на водена база – AQUAMAX wood and metal paint – акрилен емајл – бел а може да се тонира во нијанса по ваша желба. Овој премаз е висококвалитетен – еколошки и се одликува со постојаност на нијанса и одлична покривна моќ.
Се надеваме дека овие 4 чекори се доволна инспирација за сами да го завршите овој мини проект во Вашиот дом. Доколку имате потреба нешто да не прашате, слободно искористете ја можноста и пишете ни на овој линк или пак на нашата Facebook Fan страна.