Stock status
MEGAPOL Дисперзивна боја за внатрешни ѕидови
Економична, дисперзивна боја за заштита или декорација на внатрешни ѕидови во јавни и станбени објекти. Отпорна е на суво триење и покажува извонредна паропропусност. Се произведува во бела боја, а може да се нијансира во пастелни нијанси.
5 l, 10 l, 15 l
Потрошувачка: 4 m²/1l боја.
POLIFLOR Extra Дисперзна боја за внатрешни ѕидови
Високопокривна, дисперзивна боја за заштита и декорација на внатрешни ѕидови кои имаат изразена нееднаквост и видливи премини, како што се гипс-картонските плочи или слични подлоги. Отпорна е на суво триење и има висока паропропусност. Се произведува во бела боја, а може да се нијансира во пастелни нијанси. Се разредува со 15% вода.
5 l, 10 l, 15 l
Потрошувачка: 5 m²/1l боја.
POLIFLOR Perivi Перива боја за внатрешни ѕидови
Дисперзивна боја, отпорна на перење, наменета за внатрешни ѕидови изложени на поголеми оптоварувања. Има одлична покривност и паропропусност. Премачканите површините се со рамномерен мат изглед. Се произведува во бела боја, а може да се нијансира во пастелни нијанси. Може да се разреди со 5-10% вода.
2.5 l, 10 l, 15 l
Потрошувачка: 4-5 m²/1l боја.
POLIFLOR Purolit Боја за санирање на никотински и водени флеки
Боја на база на акрилни смали и органски растворувачи. Се користи за санација на ѕидни површини кои се во внатрешни услови, на кои се појавиле пресликувања на анилински бои никотински или водени флеки и ел. Брзо ги покрива, изолира и суши. За кратко време после нанесувањето може да се продолжи со бојадисување со дисперзивна боја. Се произведува само во бела боја.
0.75 l
Потрошувачка: 6 m²/1l боја.
FASADEX Акрилна фасадна боја
Боја на база на водена дисперзија на акрилатен кополимер која се користи за заштита или декорација на фасади. Се одликува со водоодбојност, паропропусност и постојаност на алкалии. Отпорна е на временските влијанија и обезбедува долготрајна заштита кај сите видови на фасадни површини. Се произведува во бела боја, пастелни или јаки бои.
2 l, 5 l, 1O l, 15 l
Потрошувачка: 3-5 m²/1l боја.
MEGAFAS Aqua Економична боја за фасадни и внатрешни ѕидови
Економична боја на база на водена дисперзија на акрилатен кополимер. Се користи за заштита и декорација на фасадни или внатрешни ѕидови. Се одликува со паропропусност, и отпорност на дејство на алкалии и атмосферски влијанија. Се произведува во бела боја или нијансирана во пастелни бои. Се разредува со 5-10% вода, за 1-2 премачкување.
5 l, 1O l, 15 l
Потрошувачка: 4-5 m²/1l боја
POLIFLOR Импрегнациски премаз
Концентрат на база на водена дисперзија на акрилатен кополимер. Наменет е како подлога или предпремаз за надворешни или внатрешни ѕидови пред да се нанесе покривна боја. Се разредува со вода во однос 1:3. Се нанесува со четка во 1 слој.
1 l, 5 l, 20 l
Потрошувачка: 16-20 m²/1l импрегнација.
LUXAL Универзален лак-боја за дрво и метал
Универзална и антикорозивна, покривна, лак-боја на основа на алкидни смоли. Се користи како завршен премаз за заштита на железни, челични и дрвени површини. Се произведува во 20 стандардни нијанси, вклучувајќи ја и белата и црна боја кои можат да се изберат во мат или сјајен ефект. Се разредува со разредувач.
0.2 l, 0.75 l, 2.5 l, 10 l
Потрошувачка: 16 m²/1l лак, во 1 слој.
LUXAL Miox Покривна лак-боја за метал
Покривна лак и боја на база на алкдини смоли, пигментирана со природен железен оксид (Miox). Се користи за заштита на железни или челични површини, уреди и опрема од кои се бара ефект и сјај на ковано железо. Се произведува во 2 нијанси: црна и сребрена. Се разредува со разредувач.
0.75 l
Потрошувачка: ll m²/1l лак, во 1 слој.
LUXAL Termo Лак-боја за метал постојана на високи температури
Температурна отпорна лак-боја врз база на вештачки смоли и пигменти отпорни на високи температури. Се користи за заштита на автомобилските делови наменети за издувни гасови, метални делови на камини, нафтени печки итн. Се произведува во 2 нијанси : сребрена која е отпорна до 400°С (нерастворлива), и црна со отпорност до 350° С (растворлива). Се нанесува на исчистени и одмастени метални површини.
0.2 l, 0.75 l
Потрошувачка: 10-16.5 m²/1l лак, во 1 слој.
CHROMODEN Gel Универзален гел за фуги
Брзосушечки и еднокомпонентен безбоен гел кој се употребува за исполнување на фуги, пори и др. недостатоци, на чиста или веќе лакирана дрвена површина. Се користи со цел да се задржи основната боја на дрвото.
1 l, 5 l
Потрошувачка: 16-20 m²/1l гел.
Се нанесува со глетарка во 1-2 слоја.
CHROMODEN Aqua 2К PU 590 А Двокомпонентен полиуретански лак за паркет
Двокомпонентен, полиуретански, безбоен лак на водена база со специјални додатоци за висококвалитетна заштита и декорација на паркет и други дрвени површини. Се користи во простории со средни и големи оптеретувања (јавни установи, градинки, ординации или сл.) Се одликува со голема цврстина, долготрајност, висок сјај и отпорност на абење.
5 l, 1 l (Ком. А) + 0.5 l, O.1 l (Ком.Б)
Потрошувачка: 10-12 m²/1l лак, за 1 слој.