MAXIMA

MAXIGIPS® – високопокривна водоперлива боја за проблематични површини

MAXIGIPS е високопокривна водоперлива боја за внатрешни ѕидови. Специјално е формулирана за боење на проблематични површини како гипс-картонски плочи, валкани површини како, темни нијанси како и сите други површини каде се бара високо покривност на бојата. На гипс-картонските плочи може да се нанесува директно, без употреба на прајмер.

Потрошувачка: 125–185 ml/m², во зависност од грубоста и впивањето на подлогата, техниката и начинот на нанесување.

GLETOLIN® G10

готова пастозна глет маса наменета за израмнување на внатрешни зидови како и гипс картонски плочи. Главна разлика во однос на другите готови глет маси е лесната обработка. Поради лесната обработка и прифатливата цена овој производ е погоден за глетување на поголеми површини и проекти.

Пакување: 25кг

AQUAMAX – акрилен лак за камен

AQUAMAX е транспарентен акрилен лак за камен на водена база. Оплеменет е со специјални UV абсорбери и стабилизатори за долготрајна заштита. Наменет е за заштита и декорација на надворешни површини од природен и вештачки камен, фасадна цигла и керамида. Нема непријатен мирис и брзо се суши. Ја интензивира бојата на каменот и му дава сјај, а воедно го штити од влага и валкање.

Пакување: 0,65 L, 3 L, 10 L.

KERAMOL® Flex White Бело високо еластично лепило за керамички плочки

KERAMOL Flex е флексибилно лепило за керамички плочки базирано на хидраулични врзива, специјално избрани агрегати, синтетички полимери и адитиви. Наменет е за внатрешни неапсорбирачки плочки и за надворешни неапсорбирачки плочки кои се поставуваат на абсорбирачки подни површини.

Температурно стабилно е од -20°C до +70°C. Се препорачува за употреба во бањи, кујни, системи за подно греење, балкони и тераси, односно во сите ситуации кога лепените керамички плочки се изложени на зголемена влажност и промени во температурата.

MAXILUX Impregnant Tранспарентен премаз

MAXILUX Impregnant е транспарентен премаз за импрегнација на дрво. Се употребува како прајмер пред нанесување на на MAXILUX LASUR TOP. Дополнително го штити дрвото од микроби, габи и останати штетни влијанија.

MAXILUX Lasur TOP лак лазура

Maxilux TOP LASUR e дебелослојна лак лазура со додаток на восок. Се користи за заштита и декорација на дрвени површини (ентериер и екстериер). Се одликува со долготрајна заштита на дрвените површини и значително помалку мирис од останатите лазури.

0.75 l, 3 l

Потрошувачка: 8-10 m²/l за еднослојна апликација, во зависност од квалитетот на подготвените површини и начинот на нанесување.

MAXILUX уљен разредувач

Оригинален разредувач за маслени бои Maxilux. Многу квалитетен и добар разредувач.

1 kg

MAXILUX основен премаз за дрво и метал

MAXILUX универзален емајл за дрво и метал е врвен алкиден слој за боење на сите внатрешни и надворешни дрвени и метални површини.

750 ml

MAXILUX основен премаз за метал

MAXILUX основен премаз за метал е врвен алкиден антикорозивен премаз за сите внатрешни и надворешни метални површини. Површината мора да биде сува, избрусена, без траги од стари премази и други нечистотии, исчистена и обезмастена со MAXILUX разредувач. Хомогенизирајте ја бојата пред мешање.

750 ml

MAXILUX основен премаз за дрво

MAXILUX wood Primer е врвен алкиден прајмер за боење на сите внатрешни и надворешни дрвени површини. Површината мора да биде сува, избрусена, чиста и без траги од лошо премачкани стари премази. Хомогенизирајте ја бојата пред мешање.

750 ml

MAXIMAL® Špric цементен шприц

MAXIMAL Špric е врзивно средство, врзивен мост наменет за машинско и рачно нанесување. Се користи кај сите подлоги кои се малтерисуваат. Неговата употреба посебно се препорачува кај силно впивачки, мазни и критични подлоги (подлоги од бетон, цигла, гасбетонски елементи, мешовити ѕидови, природни камења). Со употребата на MAXIMAL Špric се постигнува добра адхезија на малтерот, се изедначува впивливоста на подлогата, и се добива рапава површина.

Работна температура: Оптималната работна температура е од +5°C до +25°C, при што воздухот и површината на која се нанесува малтерот мора да бидат во овој температурен опсег.

Потрошувачка: ≈3 kg/m².

MAXIMAL® G гипсано-кречен машински малтер

MAXIMAL G е готов гипсано-кречен малтер, наменет за машинско и рачно малтерисување на сите носивно способни внатрешни ѕидни површини. Може да се користи кај сите видови на ѕидови од цигла, тула, гасбетонски елементи, бетон и природен камен.

Работна температура: Оптималната работна температура е од +5°C до +25°C, при што воздухот и површината на која се нанесува малтерот мора да бидат во тој температурен опсег.

Потрошувачка: ≈12 kg/m² за 10mm дебелина за рамни површини.