TKK

TKK 40 спреј

Висококвалитетен повеќенаменски спреј. Се користи за подмачкување и олабавување на заглавени механизми, заштита на метални површини од влага и корозија, чистење на масти и нечистотија, отстранување на остатоци од лепак и честички корозија.

  • Водоодбивен
  • За внатрешна и надворешна употреба
  • Може да се користи под различен агол (360°) во зависност од потребата

ТКК Spacer

За полесно фиксирање на положбата на изолациските плочи на ѕид при истовремена употреба на полиуретанското лепило Tekapur lnsulation Adhesive. Одлично се прилепува на сите материјали. Овозможува побрзо, полесно и попрецизно поставување на изолациските плочи (посебно на местата каде се појавуваат нерамнини). Спречува лизгање на плочките и ја зголемува силата на прицврстување.

Пакување: 200 парчиња

SMOOTHING Kit

Глеталки за естетска обработка на фуги и спојки. Овозможуваат чисто, едноставно и прецизно израмнување на нанесените заптивачки маси во посакуваната форма во фугите. Иновативниот дизајн на глеталката ги овозможува сите видови на естетско обликување на фуги. Корисни се за конечна обработка на сите видови на заптивачки маси.

Пакување: 3 парчиња во сет (различни димензии), 1 парче (различни димензии)

TEКAPURSIL S

Отстранувач на стврднат силикон од стакло, бетон, емајл, плочки, дрво, пластика, цигли, гипс и повеќето текстили. Се користи и за отстранување на мувла од старите фуги. Овозможува едноставна апликација и многу брзо делува.

Пакување: 110 ml

SMOOTHING Agent

Средство за измазнување кое овозможува лесно, прецизно и чисто измазнување на површините при нанесување на различни заптивачки маси. Погодно е за силиконски, полиуретански и запечатувачки маси кои се на база на хибридни полимери. Овозможува едноставно замазнување на нанесените запечатувачки маси и обликување на спојки/перфектни фуги. Спречува лепење на смесите на глетарката и на останатите алати.

Пакување: 1 l, 5 l

SILIFOB V

Безбојна заштита на површините од вода и од нечистотии која ги штити силикатните цигли, гипсот со бела боја, блоковите од глина, плинбетонот и производите од гипс. Ја намалува можноста за развој на мувла и алги и влијае на намалување на излачувањето на соли. Површините ги штити од оштетувања создадени од замрзнувања и топења.

Потрошувачка: 6–15 m² (3 kg); 20–50 m² (10 kg)
Пакување:3 kg, 10 kg

ТЕКАРRОТЕКТ PR-S

Додаток за заштита на бетонските површини и производи (како на печатен бетон, плочи за обложување, столбови, огради…) од атмосферски влијанија и абење. Одличен е за декоративни и боени производи од бетон, на кои покрај заштитата им дава и сјај.

Потрошувачка: 30 m² (3 kg); 100 m² (10 kg)
Пакување: 3 kg, 10 kg

SILIFOB MP

Безбојна заштита на површините од вода и од нечистотии која посебно се препорачува за мермер. Ја намалува можноста за развој на мувла и алги и влијае на намалување на излачувањето на соли. Површините ги штити од оштетувања создадени од замрзнувања и топења. Ефикасно спречува задржување на графитна површина.

Потрошувачка: во зависност од порозноста на материјалот
Пакување: 0,4 kg, 2,5 kg

SILIFOB B

Безбојна заштита на површините од вода и од нечистотии. Одличен е за минерални површини како што се бетон, гипс, цигла, плинобетон, природен и вештачки камен. Ја намалува можноста за создавање на мувла и алги. Има влијание врз намалување на излачувањето на соли. Површините ги штити од оштетувања создадени од замрзнувања и топења.

Потрошувачка: 1,5 – 4 м² (0,8 кг); 5–12 м² (2,5 кг)
Пакување:0,8kg, 2,5kg

SILIFOB К

Безбојна заштита на површините од вода и од нечистотии која ги штити минералните површини како што се клинкер, неглазирана керамика и циглени плочки. Ја нагласува свежината на боите и воедно ја заштитува површината од оштетувања создадени од замрзнувања и топења. Ја намалува можноста за развој на мувла и алги и влијае врз намалување на излачувањето на соли.

Потрошувачка: во зависност од порозноста на материјалот
Пакување: 0,8 kg, 2,5 kg

ТЕКАМАL Hidroizol N

Водонепропустлив премаз за хидроизолација на влажни ѕидови, подрумски простории, резервоари за вода… Со својата фина зрнеста структура и со добрата адхезија на подлогата и нуди одлична заштита пред се во влажните простории.

Потрошувачка: 7 kg зa 2 m² при нанесување на 2 слоја, 25 kg зa 7 m² при нанесување на 2 слоја
Пакување: 7 kg, 25 kg