HIDROMAX® 505 Еластичен 2K, цементно-полимерен премаз

HIDROMAX 505 е еластична двокомпонентна полимерно-цементна маса изработена на база на цемент, одберени полнила, водоодбојни и водонепропусни полимери со додаток на адитиви. Се состои од сува компонента А и течна компонента Б, со чие вмешување се добива пастозна маса која се нанесува со четка. Се употребува заради заштита на објектите од појава на капиларна влага, од продор на вода под низок притисок, како и кај ситуации каде е потребно да се обезбеди водонепропусност под влијание на позитивен хидростатски притисок на водата.

5 kg (Koм.A) + 5 kg (Ком.Б)
Потрошувачка: ≈ 1.2-1.4 kg/m2 за два слоја, во зависност од рапавоста и впивливоста на подлогата, техниката и начинот на нанесување.

SHARE