ИРКОМ 3во1 НОВА АНТИКА

  1. ИРКОМ 3во1 НОВА АНТИКА е брзосушива боја со метални СТРУГОТИНИ која на металот создава ефект на ковано железо со што ги отстранува сите недостатоци на металот. Се нанесува директно на корозија со што го спречува нејзиниот понатамошен развој. Премазот Ирком 3во1 НОВА АНТИКА ги поседува сите карактеристики на ИРКОМ 3во1 со додаток на метални Струготини кои на металот му даваат посебна структура и рустичен изглед.

 

 

 

Од старо прави ново!

 

 

 

Главни предности:

  • Се нанесува директно на цинк и корозија
  • Ги отстранува недостатоците на металот до кои доаѓа при неговата изработка
  • Висока цврстина на завршиот филм,
  • Еластичен премаз кој не пука
  • Висока отпорност на механички и атмосферски влијанија.
  • 8 различни нијанси
  • Го штити металот од 5 – 15 години.

Заменува антирост, основна и завршна боја

Заштедува: Работа, време и пари

Ирком 3во1 НОВА АНТИКА наоѓа примена при:

  • Боење на нов метал, кородиран метал како и врз стари премази. Може да се нанесува директно без прајмер на сите поцинкувани лимови и алиминиум (неопходно е пред боење да поминат најмалку 15 дена од поцинкувањето на металот, металот БЛАГО ДА СЕ ИЗБРУСИ и добро да се одмасти.)
  • Боење на метални огради, тераси, метални галантерии, симсови, конструкции и слична метална галантерија.

АПЛИКАЦИЈА:

На нов метал

Потребно е отстранување на сите маснотии од металот. Потоа бојата се нанесува во две раце со вкупна дебелина на сувиот филм од 120 микрони. Ирком 3во1 АНТИКА НОВА се нанесува со четка или со пиштол. Во текот на боење, потребно е бојата да се меша за да металните струготини постојано биднат рамномерно распоредени. За боење на големи површини се препорачува нанесување со пиштол. Вториот слој се нанесува мокро на мокро или најдоцна до 4 часа од нанесување на првиот слој (со што се заштедува на време). Ирком 3во1 АНТИКА НОВА премазот е сув на допир за 30-60 минути, а потполно е сув за 72 часа.

На кородиран метал

Потребно е отстранување на грубите и слабо носиви елементи на корозија, добро чистење и одмастување на металот и потоа директно на корозија да се нанесе премазот во 2 раце (исто како при нанесување на нов метал).

РАЗРЕДУВАЊЕ:

Се разредува исклучиво со Р1 разредувач, кој е формулиран специјално за овој производ кој во себе содржи над 20 различни компоненти, за чие разредување е потребен специјален разредувач. Со користење на обични нитро разредувачи не се добиваат посакуваните резултати.

  • За нанесување со четка – не се разредува или многу минимално. Се нанесува со метод на тапкање, се со цел металните струготини рамномерно да се распоредат.
  • За нанесување со пиштол – максимално 5%, дизна 2,4мм, притисок на излез од пиштол 3,2 бара, а на компресор 3,8 бара.
SHARE

Specifications

SHOPPING BAG 0