MAXIMAL® кречно-цементен внатрешен машински малтер
MAXIMAL е готов кречноцементен малтер, наменет за машинско и рачно малтерисување на сите носивно способни внатрешни ѕидни површини. Може да се користи кај сите видови на ѕидови од цигла, тула, гасбетонски елементи, бетон и природен камен.
Работна температура: Оптималната работна температура е од +5°C до +25°C, при што воздухот и површината на која се нанесува малтерот мора да бидат во овој температурен опсег.
Потрошувачка: ≈14 kg/m² за 10mm дебелина за рамни површини.