MAXIMO® WB 2К Полиуретански завршен лак за паркет

Дво-компонентен, завршен лак на база на полиуретански врзувачи и специјални адитиви дисперзирани во вода. Наменет е за заштита и декорација на паркет (ламелен, класичен, мозаик) и други дрвени подни површини во ентериерот. Се одликува со екстремна отпорност на абење, исклучителна цврстина одлична адхезија и не пожолтува. Отпорен е на благи хемикалии и лесно се одржува. Производот е безбоен и скоро и без мирис. Производите можат да бидат мат, полумат и сјајни.

0.9 l, 4.5 l (Ком. А) + 0.09 l, 0.45 l (Ком.Б)
Потрошувачка: 8-10 m2/L, за еден слој, во зависност од квалитетот на површината, техниката и начинот на нанесување.

SHARE