TEКAFLEX МЅ 40
За лепење и заптивање на разни материјали. Погодна е и за конструкции кои се изложени на вибрации. Одлична адхезија на повеќето материјали (бетон, цигла, дрво, алуминиум, железо, ЕРЅ, нерѓосувачки челик, бакар и разни видови на пластики). Исто така има добра адхезија на малку влажни површини. Постигнува одлични механички својства, висока еластичност и флексибилност. УВ е постојана и отпорна на временски влијанија и стареење. Не предизвикува корозија.
Формирање на кора: ≈ 20 минути (23°C/50% рел. влажност)
Време на стврднување: ≈ 2 mm/ден (23°C/50% рел. влажност)
Температура на нанесување: oд +5°C дo +30°C
Тврдост: 38 ± 3 (ISO 868)
Температурна постојаност: oд -40°C дo +90°C
Картушa: 290 ml
Црево: 600 ml