TEКASIL WB 2K
За лепење на изолациско стакло во PVC, дрвени или алуминиумски рамки. Погодна е и за лепење и заптивање на стаклени елементи (преградни ѕидови). Одлична адхезија на различни материјали (PVC, дрво, алуминиум). Обезбедува поголема цврстина на прозорски конструкции. Брзо се стврднува без оглед на длабочината и по стврднувањето постигнува одлични механички карактеристики. Не се лизга во вертикалните фуги. Не содржи растворувачи и скоро да нема мирис.
Формирање на кора: ≈ 20 минути (23°C/50% рел. влажност)
Температура на нанесување: oд +5°C дo +40°C
Тврдост: Shore A по 24 ч 40 ; Shore A по 3 дена 48
Температурна постојаност: oд -40°C дo +180°C
Пакувањe: А:Буре 175 l , Б:Буренце 17,5 l