Градежни лепила

ФУГОФИЛ

Водоотпорна смеса за исполнување фуги со ширина до 5mm кај хоризонтални и вертикални површини поплочени со керамички, мермерни, стаклени, камени или бетонски плочки. Се употребува за фугирање во санитарни јазли, кујни, балкони, базени, скалишта, холови, магацини, производствени погони и сл.

STIROKOL-P Лепило за лесни термоматеријали

Еднокомпонентно лепило за лепење и глетување на плочи од стиропор, екстрадиран полистирен и пресувана минерална волна. Се користи при изработка на термоизолациските фасадни системи.

25 kg
Потрошувачка: за лепење – 4,0-6,0 kg/m², за глетување – 3,0-4,5 kg/m²

HIDROKOL Z Лепило за сипорекс и гипс картонски плочи

Еднокомпонентно лепило за ѕидање, лепење и глетување на лесно бетонски елементи, гипсени блокови и плочи од гипскартон.

25 kg
Потрошувачка: За слој од 1mm: 1,3-1,4 kg/m²

HIDROKOL ЅР Водонепропустливо лепило за плочки

Еднокомпонентно, водонепропустливо лепило за плочки, произведено на цементна основа и полимерни додатоци. Се користи за лепење на подни и ѕидни керамички плочки, плочки изработени од природен камен, гранит, мермер, за базенски стаклено-керамички плочки, како и за лепење на керамички плочки по принцип „плочка на плочка”.

25 kg
Потрошувачка: за слој со дебелина од 1mm ~ 1,1 kg/m², во зависност од подлогата ~ 3,3-6,6 kg/m²

HIDROKOL Ѕ Водонепропусно лепило за плочки

Еднокомпонентно водонепропусно лепило за плочки, произведено на цементна основа. Се користи за лепење на подни и ѕидни керамички плочки изложени на надворешни услови, како и во простории изложени на постојан контакт со вода и влага: бањи, кујни, тераси, фонтани, перални и сл.

25kg
Потрошувачка: за слој со дебелина од 1mm ~ 1,1 kg/m², во зависност од подлогата ~ 3,3-6,6 kg/m²

HIDROKOL Лепило за плочки

Еднокомпонентно лепило за плочки, произведено на цементна основа. Се користи за лепење на подни и ѕидни керамички плочки во затворени простории, при нормални услови на експлоатација.

25kg
Потрошувачка: за слој со дебелина од 1mm ~ 1,1 kg/m², во зависност од подлогата ~ 3,3-6,6 kg/m²