Хидроизолации

ADINGFLEX Акрилатна подлога за хидроизолациja

Готова смеса на акрилатна основа за изведба на еластична хидроизолација на вкопани подземни делови на објекти, тераси, балкони, кујни, санитарни јазли, непроодни покривни тераси. Кај подлоги кај кои се очекуваат деформации и појава на пукнатини, АДИНГФЛЕКС може да се армира со мрежичка од безалкално стаклено влакно.

4 kg,20 kg
Потрошувачка: за три слоја: од 1,2-1,5 kg/m², за три слоја со безалкална мрежичка 45 g/m² помеѓу слоевите: од 1,8-2,0 kg/m²

HIDROMAL Flex 2К хидроизолација

Двокомпонентна еластична хидроизолација на цементно-полимерна основа. Се применува за хидроизолација на објекти изложени на позитивен и негативен притисок: базени, резервоари, надворешни подземни делови на објекти, санитарни јазли, кујни. Овозможува непосредно лепење на керамички плочки врз него со помош на градежно лепило. Овозможува премостување на микропукнатини во подлогата.

5 kg (Koм.A)+ 5 kg (Ком.Б), 20 kg (Koм.A) + 20 kg (Ком.Б)
Потрошувачка: 1,2-1,8 kg/m² (два до три слоја)

HIDROMAL 1К Крута хидроизолација на цементна основа

Хидроизолација на објекти изложени на позитивен и негативен хидростатски притисок како: базени, таложници, пречистителни станици, подрумски простории, ѕидни и подни површини, резервоари за питка вода, санитарни јазли и сл. Овозможува непосредно лепење на керамички плочки. Едноставно се изведува и не е токсичен. Бактериолошки е отпорен и има одлична атхезија за подлога од бетон и цементен малтер.

5 kg, 25 kg
Потрошувачка: За три слоја: 5-6 kg/m² (два со четка и еден со глетарка)