Stock status
HIDROGLET-PV Брзоврзувачка саморазлевачка смеса за израмнување
Брзоврзувачка саморазлевачка смеса на цементна основа за израмнување кај бетонските подни површини или цементни кошулки пред поставување на завршна подна обработка, ламинат, теписон, ПВЦ под… Максимална дебелина за нанесување во еден слој е 3mm. Подната обработка може да започне после 24h, при континуирана температура од 20°С.
20 kg
Потрошувачка: 1.5 kg//m², за слој со дебелина од 1mm.
HIDROGLET Р1 Саморазлевачка смеса за израмнување на подови
Саморазлевачка смеса на цементна основа за нивелирање (израмнување) на нерамнини кај бетонски подни површини или цементни кошулки, пред поставување на завршна подна обработка од паркет, ламинат, таписон, PVC под. Максимална дебелина за нанесување на Хидроглет П1 во еден слој е до 20mm. Поставувањето на подната обработка може да се изведе по 48h, при континуирана температура од 20°С.
20 kg
Потрошувачка: За слој од 1mm: ~ 1.6 kg/m²
HIDROGLET Р Саморазлевачка смеса за израмнување на подови
Саморазлевачка смеса на цементна основа за порамнување на нерамнини кај бетонски подни површини или цементни кошулки, пред поставување на завршна подна обработка од паркет, ламинат, таписон, PVC под. Максимална дебелина за нанесување на Хидроглет П во еден слој е до 5mm. Поставувањето на подната обработка може да се изведе по 48h, при континуирана температура од 20°C.
20 kg
Потрошувачка: За слој од 1mm: ~ 1.6 kg/m²
HIDROGLET F Смеса за израмнување на фасадни ѕидови
Еднокомпонентна смеса за глетување на надворешни ѕидни како и плафонски површини од бетон или малтер. Се нанесува повеќеслојно, со дебелина на еден слој до 5mm. Претставува одлична водоотпорна подлога за боење со дисперзивните бои, декоративен малтер, но се користи и за глетување на фасадна површина кај термоизолациските фасадни системи.
20kg
Потрошувачка: за слој од 1mm – 1.4 kg/m²
HIDROGLET V Смеса за израмнување на внатрешни ѕидови
Еднокомпонентна смеса за глетување на внатрешни ѕидни и плафонски површини, од бетон, малтер или гипс-картонски плочи. Се нанесува повеќеслојно со дебелина на еден слој до 1-2 mm. Претставува одлична подлога за боење со дисперзивните бои. Паропропусна е, има одлична адхезија со подлогата и добра површинска јакост. Економична, но и лесна за подготовка и изведба.
5 kg, 20 kg
Потрошувачка: За слој од 1mm: ~ 1.25 kg/m²