Stock status
CERESIT CT722
CERESIT CT722 е специјално антиадхезивно средство за лесно одвојување на калап од малтер. Се нанесува директно на калапот, едноставен е за употреба и обезбедува долготрајност на силиконскиот калап.
Пакување – 5л
CERESIT CT721
CERESIT CT721 е средство за импрегнација (боење) на декоративниот малтер 720 VISAGE. Достапно е во 12 различни нијанси на природно дрво. Се одликува со висока отпорност на временски услови, исклучителна издржливост и отпорност на нечистотија, висока стабилност на бојата како и одлична хидрофобност.
Пакување – 4л
CERESIT CT720 VISAGE
CERESIT CT720 VISAGE е декоративен малтер за изработка на површини со дрвена структура. Може да се користи внатре и надвор. Се одликува со висока постојаност и отпорност на временски влијанија, отпорност на појава на габи, мувла и алги како и одлична хидрофобност.
Пакување – 25кг
CERESIT CT84
CERESIT CT84 е полиуретански лепак за стиропорни (ЕПС) табли, стиродур и камена волна. Се одликува со исклучителна сила на лепење, ниска експанзија, Во идеални услови 1 пур пена може да залепи и до 15м2 стиропорни табли. Поради специјалната формула можно е користење на пената и до -10°C како и на висока влажност на воздухот.
Пакување – 850мл
CERESIT CT174 SILICATE-SILICONE AQUASTATIC
CERESIT CT174 SILICATE-SILICONE AQUASTATIC е висококвалитетен силикон-силикатен малтер со заглаѓена структура. Се одликува со висока отпорност на валкање и оштетување, ниска водовпивливост и одлична отпорност на агресивни атмосферски влијанија. Малтерот е збогатен со Double Dry технологија која на фасадата и овозможува висока заштита од валкање, дополнителна хидрофобна заштита (исклучителна отпорност на апсорпција на вода) како и значително побрзо сушење на водата порадати совршената паропропусност на малтерот. Double Dry технологијата ја штити фасадната површина од непосакувано акумулирање на вода(влага).
Пакување – 25кг
CERESIT CT64 ACRYLIC ELASTIC
CERESIT CT64 ACRYLIC ELASTIC е декоративен акрилен малтер со зарибана структура и гранулација 2мм. Се одликува со висока водоодбивност, паропропусност, еластичност, отпорност на атмосферски влијанија.
Пакување – 25кг
CERESIT CT60 ACRYLIC ELASTIC
CERESIT CT60 ACRYLIC ELASTIC е декоративен акрилен малтер со заглаѓена структура и гранулација 1,5мм. Се одликува со висока водоодбивност, паропропусност, еластичност, отпорност на атмосферски влијанија.
Пакување – 25кг
CERESIT CT16
CERESIT CT16 e основен премаз (грунд подлога) за обработка на подлогата пред нанесување на завршен акрилен малтер. Се карактеризира со висока водоотпорност и одлична покривна моќ. Со користење на овој премаз се овозможува значително полесно и рамномерно нанесување на завршниот малтер како и подобро лепење на малтерот. Може да се користи на сите минерални, носиви површини: бетон, малтер, гипс картон, влакнест цемент.
Пакување – 10л
CERESIT CT80
CERESIT CT80 е висококвалитетен лепак за лепење и армирање на камена волна. Се одликува со висока моќ на лепење, паропропусност, висока флексибилност и отпорност на оштетувања, гребење и пукање. Лепилото е збогатено со Fibre Force влакна.
Пакување – 25кг
CERESIT CT83 STRONG FIX
CERESIT CT83 STRONG FIX е висококвалитетен лепак за стиропор со изразена сила на лепење. Се карактеризира со одлична лепливост на минерални површини и стиропорни плочи. Лесно се нанесува, отпорен е на смрзување и временски влијанија и брзо ја постигнува потребната цврстина
Пакување – 25кг
CERESIT TU
CERESIT TU е универзален лепак за лепење и армирање. Се одликува со висока еластичност, паропропусност и висока флексибилност (збогатен е со Fibre Force влакна.) Отпорен е на пукање предизвикани од ветер и други надворешни влијанија.
Пакување – 25кг
CERESIT CM9
CERESIT CM9 е високостабилен лепак за впивачки плочки каде што максимална должина на страна на плочка е 30cm. Лепакот се одликува со одлична обработливост и висока стабилност. Може да се нанесува со дебелина до 10mm
Пакување – 25кг