Stock status
CERESIT CL50
CERESIT CL50 е двокомпонентен флексибилен премаз наменет за хидроизолација нпод керамички плочки во влажни простории како што се купатила, туш кабини, јавни тоалети и јавни простории со подна дренажа. Погоден е за внатрешна и надворешна употреба како и за премостување на микропукнатини. Посебно е погоден за хидроизолирање на површини врз кои се очекува брзо поставување на плочки (после 5 часа). Може да се користи за изолација на базени со длабочина до 5м, системи со подно греење.
Пакување – 12,5 кг.
CERESIT CL51
CERESIT CL51 е еднокомпонентна хидроизолација за нанесување под керамички плочки во влажни и мокри простории (купатила, туш кабини, кујни, јавни тоалети) Се користи исклучиво за внатрешни простории. Премазот е водонепропусен, може да премостува пукнатини и може да се користи за системи со подно греење. Премазот е подготвен за употреба, не е потребно никакво мешање ниту додавање на друга смеса.
Пакување – 5 кг и 15 кг.
CERESIT CL152
CERESIT CL152 е еластична заптивна трака со ширина од 12 cm за заштита на хидроизолацијата под керамичките плочки. Се поставува на и околу проблематичните елементи како што се: сливници, цевки, внатрешни и надворешни агли. Се одликува со висока флексибилност, водоотпорности и долготрајност како и отпорност на кинење. Се користи во комбинација со хидроизолациските премази CL50 или CL. Може да се користи внатре и надвор.
Пакување – 10 м и 50 м.
CERESIT CT10
CERESIT CT10 е водоодбивно средство импрегнација на керамички и бетонски површини. Штити од апсорпција на вода на впивачки оштетени површини (максимална ширина на пукнатина до 0,2 мм). Се одликува со брзо сушење (2-6 h), не ја менува структурата и бојата на површините, штити од појава на габи и мувла и може да се користи внатре и надвор.
Пакување 1 л.