Лепила за плочки

CERESIT CM9

CERESIT CM9 е високостабилен лепак за впивачки плочки каде што максимална должина на страна на плочка е 30cm. Лепакот се одликува со одлична обработливост и висока стабилност. Може да се нанесува со дебелина до 10mm

Пакување – 25кг

CERESIT CM16

CERESIT CM16 е флексибилен лепак за плочки со максимална должина на најдолгата страна на плочката до 80cm. Лепакот е збогатен со Fiber force силикатни влакна, се одликува со висока флексибилност и силна моќ на лепење. Се користи за лепење ,,плочка на плочка’’, грес плочки, природен камен, системи со подно греење како и за поставуање на плочки на гипсани табли. Може да се користи и во влажни простории.

Пакување – 25 кг.

CERESIT CM11

CERESIT CM11 е тенкослоен лепак за керамички и грес плочки со максимална должина на најдолга страна на плочката до 50cm. Отпорен е на температурни разлики и влага, одлично се обработува, не дозволува лизгање на плочките. Може да се користи за лепење на хоризонтални и вертикални површини, внатре и надвор.

Пакување – 25 кг.

CERESIT CM17

CERESIT CM17 е високофлексибилен лепак за плочки збогатен со Fibre Force силикатни влакна. Се користи за лепење на плочки со максимална должина на најдолгата страна на плочката до 120 cm. Одличен е за лепење на невпивачка керамика (стаклен мозаик), балкони, тераси, базени, обложување на фасади со керамика, мермер, гранит, травертин, глазирани плочки како и за поставување на керамички и грес плочки со впивливост помала од 0,5%. Поради високата еластичност (класа C2TES1) може да се користи за високо деформабилни и сложени подлоги како и за системи со подно греење.

Пакување – 25 кг.