Програма за паркет

CHROMODEN Gel Универзален гел за фуги

Брзосушечки и еднокомпонентен безбоен гел кој се употребува за исполнување на фуги, пори и др. недостатоци, на чиста или веќе лакирана дрвена површина. Се користи со цел да се задржи основната боја на дрвото.

1 l, 5 l
Потрошувачка: 16-20 m²/1l гел.
Се нанесува со глетарка во 1-2 слоја.

CHROMODEN Aqua 2К PU 590 А Двокомпонентен полиуретански лак за паркет

Двокомпонентен, полиуретански, безбоен лак на водена база со специјални додатоци за висококвалитетна заштита и декорација на паркет и други дрвени површини. Се користи во простории со средни и големи оптеретувања (јавни установи, градинки, ординации или сл.) Се одликува со голема цврстина, долготрајност, висок сјај и отпорност на абење.

5 l, 1 l (Ком. А) + 0.5 l, O.1 l (Ком.Б)
Потрошувачка: 10-12 m²/1l лак, за 1 слој.

CHROMODEN Aqua 2К PU 560 А Двокомпонентен полиуретански лак за паркет

Двокомпонентен, полиуретански, безбоен лак на водена база и со специјални додатоци за висококвалитетна заштита или декорација на паркет и другите дрвени облоги во простории со средни или големи оптеретувања. Се одликува со извонредна цврстина, долготрајност и отпорност на абење. Премачканите површини се со полумат ефект.

5 l, 1 l (Ком. А) + 0.5 l, O.1 l (Ком.Б)
Потрошувачка: 10-12 m²/1l лак, за 1 слој.

CHROMODEN Aqua 2К PU 540 А Двокомпонентен полиуретански лак за паркет

Двокомпонентен, полиуретански, безбоен лак на водена база и со специјални додатоци за висококвалитетна заштита и декорација на паркет и други дрвени облоги. Се препорачува за простории со средни или големи оптеретувања (јавни установи, ординации, градиники и сл.). Се одликува со извонредна долготрајност, голема цврстина и отпорност на абење.

5 l, 1 l (Ком. А) + 0.5 l, O.1 l (Ком.Б)
Потрошувачка: 10-12 m²/1l лак, за 1 слој.

CHROMODEN Kit Еднокомпонентна течност за китирање

Брзосушечка и еднокомпонентна безбојна течност која се користи за грубо китирање-исполнување на мали пукнатини пред обработка со PU или друг вид на лак.

1 l, 4 l, 10 l
Потрошувачка: 8-15 m²/1l течност.
Се нанесува со глетарка во 2-3 слоја.

CHROMODEN Еднокомпонентна импрегнација

Брзосушечка и еднокомпонентна безбојна импрегнација, која се користи како изолациски слој, пред обработка со PU или друг вид на лак. Се препорачува за обнова на старите паркети и за обработка на егзотични дрвени подлоги.

1 l, 4 l, 10 l
Потрошувачка: 8-15 m²/1l импрегнација.
Се нанесува со ваљак во 1 слој или глетарка во 1-2 слоја.

CHROMODEN PR 25 Подлога за двокомпонентно лепило за паркет

Предпремаз за подготовка на впивачки и невпивачки подлоги пред лепење на паркетот со двокомпонентно лепило Chromoden PU 259, Chromoden PU 260 или Chromoden E-PU 280. Се користи за отпрашување и зацврстување на цементните подлоги како и за блокада на влага до 3% (карбидна метода). Се нанесува во 1 слој, со ваљак или четка за боја. Ја намалува и воедначува впивливоста на подлогата. Се разредува со разредувач и се користи само во внатрешни услови.

4 l
Потрошувачка: 5 m²/1l, предпремаз.

CHROMODEN D110 Лепило за класичен паркет

Еднокомпонентно дисперзивно лепило за класичен паркет со помали димензии на бетонски, цементни, дрвени и други лесновпивливи површини.

  • Отворено време за работа 25-30мин
  • Само за впивливи подлоги
  • Само за класичен паркет

5 kg, 25 kg
Потрошувачка: 0.8-1.2 kg/m².

CHROMODEN PU 259 Двокомпонентно полиуретанско лепило за паркет

2К Лепило на база на реактивни смали, полнила и адитиви кое се користи за лепење на класичен или ламелиран паркет во различни димензии на впивачки или невпивачки подлоги, плочки од природен камен, глина и метал. Се нанесува со глетарка.

9 kg, 5 kg (Ком. А) + 0.9 kg, 0.5 kg (Ком.Б)
Потрошувачка: 0.8-1.З kg/m².
Подлога: предпремаз

CHROMODEN Aqua 1К PU-P 70 Еднокомпонентен полиуретански основен лак за паркет

Еднокомпонентен, полиуретански, безбоен лак на водена база, со специјални додатоци. Се користи како основен, пред да се нанесе завршниот лак. Ја задржува природната боја на дрвото, одлично ги исполнува порите како и малите фуги. Не се разредува и лесно се обработува.

1 l, 5 l
Потрошувачка: 10-12 m²/1l лак, за 1 слој.

CHR0M0DEN Aqua 1К PU 390 Еднокомпонентен полиуретански лак за паркет

Еднокомпонентен, полиуретански, безбоен лак на водена база, со специјални додатоци. Се применува за висококвалитетна заштита и декорација на паркетот и другите дрвени облоги во помалку или средно оптеретени простории. Се одликува со долготраен и извонредно висок сјај како и отпорност на абење.

1 l, 5 l
Потрошувачка: 10-12 m²/1l лак, за 1 слој.

CHROMODEN Aqua 1К PU 360 Еднокомпонентен полиуретански лак за паркет

Еднокомпонентен, полиуретански, безбоен лак на водена база, со специјални додатоци за висококвалитетна заштита и декорација на паркетот и другите дрвени облоги во простории со мали до средни оптоварувања, каде што се бара помалку сјаен ефект. Се одликува со извонредна цврстина, долготрајност и отпорност на абење.

1 l, 5 l
Потрошувачка: 8-10 m²/1l лак, за 1 слој