Лакови

C 493 МАТ CLEAR HS 2:1 Мат лак

Лак со одличен квалитет кој на подлогата и дава извонреден мат финиш. Погоден за целосни или парцијални репарации. Покажува одлична отпорност на различни временски влијанија и хемикалии. Брзо се суши и се меша во однос 2:1 со хартер за завршни премази Н753 нормал.

Количина: 1l

C 496 CLEAR HS SR 2:1 2К Акрилен HS SR лак

Акрилен лак со кристално висок сјај, брзо уцврстување и одлично израмнување. Погоден за парцијални или целосни обработки. Се меша во однос 2:1 со хартер за завршни премази Н752 спор, Н753 нормал и Н754 брз. Време на сушење при t=60°C 10-30 мин. зависно од употребениот хартер.

Количина: 1l, 5l

698 CLEAR HS SR 2:1 лак

2К Лак со висок сјај, одлични израмнувачки својства и долготрајна заштита. Се користи за парцијални или целосни обработки. Лесно се аплицира благодарение на високата вискозност. Се меша во однос 2:1 со хартери за завршни премази како Н752 спор, Н753 нормал и Н754 брз.

Количина: 1l, 5l

697 CLEAR HS SR 2:1 лак

2К Кристално провиден лак со висок сјај и брзо уцврстување. Се применува за парцијални и целосни репарации. Се меша во однос 2:1 со хартер 620 или хартер за завршни премази Н754 брз, Н753 нормал или Н752 спор. После 30 минути од печење може да се продолжи со монтажните работи.

Количина: 1l, 5l

491 AUTO CLEAR HS 2:1 Акрилен лак

Акрилен завршен премаз со време на сушење од 45 мин. при t=60°C. Се меша во однос 2:1 со хартер за завршни премази Н730 Auto Нагd Standard. Може да користи разреден со разредувач 740 Асгуl Normal или 742 Асгуl Ехtга Slow.

Количина: 1l, 5l

699 CLEAR HS SR 2:1 лак

2К Акрилен лак со постојан и висок сјај. Одличните својства на разлевање и брзо уцврстување го прават погоден за парцијални и целосни репарации. Се меша во однос 2:1 со хартер за завршни премази Н752 спор, Н753 нормал или Н754 брз.

Количина: 500ml, 1l, 5l

691 CLEAR UHS SR 2:1 лак

Висококвалитетен лак со висок сјај и долготрајна заштита. Лесен за аплицирање, при парцијални или целосни репарации. Се постигнува извонредно израмнување Се меша во однос 2:1 со хартер за завршни премази Н752 спор, Н753 нормал, Н754 брз.

Количина: 1l, 5l

C 495 CLEAR EXPRESS Semi Gloss 4:1 Полусјаен лак

Висококвалитетен полусјаен лак, погоден за парцијални репарации. Обработените површини се перфектно глатки. Лесен е за работа, брзо суши и покажува висока отпорност на хемикалии и различни временски влијанија. Се меша во однос 4:1 со хартер за завршни премази Н 753 нормал.

Количина: 1l

C 495 CLEAR EXPRESS SR 4:1 Брзосушечки SR лак

Брзосушечки лак со перманентен сјај, отпорен на гребење и екстремни временски услови. Се меша во однос 4:1 со хартер за завршен премаз Н 753 нормал. Време на сушење 3-4h или 15 мин. при загревање на t=60°C. Во комбинација со хартер 727 Polar и 20ml А715 Turbo АХ Accelerator може да се скрати времето на сушење без загревање. Погоден е за парцијални поправки.

Количина: 1l, 5l

C 898 CLEAR ULTRA HS 2:1 Акрилен, брзосушечки лак

2К Акрилен, брзосушечки лак, погоден за парцијални или целосни репарации. Се меша во однос 2:1 со хартер за завршни премази Ultra НЅ Н737 спор или Н738 нормал. Време на сушење при t=60°C изнесува само 5 мин.

Количина: 1l, 5l

C 894 CLEAR ULTRA HS 2:1 Акрилен лак

Лак со ултра висок квалитет, одлично израмнување, брзо уцврстување и постојан висок сјај. Погоден за целосни или парцијални обработки од кои се бара одличен финиш. Се меша во однос 2:1 со хартер за завршни премази тип Н735 брз, Н734 нормал или Н733 спор. Време на уцврстување 25-40 мин. при температура t=60° C.

Количина: 1l, 5l