Полир пасти

808 Cut & Polish полир паста

Полир паста за полирање во еден чекор со високи перформанси што може да се користи и за сечење и полирање во исто време. Ги елиминира длабоките траги од брусење и гребнатини од P1500 без да ги гори при висок интензитет, додека полирањето го комплетира со трајна завршница на огледало без сенки. Без додатоци на силикон.

Количина: 200ml, 1l

802 B0DYSAND Фина паста на водена база

Паста на водена база наменета за фино брусење на стари бои пред процесот на пребојување. Обезбедува подобра атхезија на новите наноси на бои. Без силикон и амонијак. Може да се користи кај површини кои вообичаено се обработуваат со суво или водено брусење. Се нанесува со влажен сунѓер или скоч брајт.

Количина: 750g

807 SEAL P0LISH Паста за фино машинско полирање

Висококвалитетна паста за фино машинска полирање. Се користи како финална паста во процесот на полирање. Со еден чекор полирате и трајно ја заштитувате површината. Ги отстранува малите неправилности, не остава холограми и создава водоотпорен слој. Не содржи силикон.

Количина: 200ml, 1l

806 PОWER PОLISH Паста за средно-фино машинско полирање

Висококвалитетна паста за средно-фино машинска полирање. Се користи како втора паста во фазата на полирање после аплицирање на паста тип 805. Ги отстранува сите неправилности и фини остатоци од брусење. Не содржи силикон и е погодна за сите видови на бои (нови или стари). После обработка површината е чиста, сјајна и без холограми.

Количина: 200ml, 1l

805 SUPER CUT Паста за грубо машинскo полирање

Квалитетна паста за грубо машинска полирање погодна за отстранување на остатоци од брусење со хартија тип Р1500 или пофина гранулација. Се користи за отстранување на гребаници настанати при перење и отклонување на ефектот т.н. “кора од портокал” давајќи и на површината длабок и долготраен сјај.

Количина: 200ml, 1kg