Заштити

HB Body Chassis Coat 410, 3 во 1 директно на метал

Chassis Coat е брзосушив (3 во 1) премаз со одлична антикорозовна заштита, адхезија на сите видови метал (ДТМ) Премазот се одликува со висок квалитет, постојаност на нијансите, полу-мат ефект. За најдобри резултати се препорачува разредување со 710 (20:80) разредувач.

930 UNDERBODY Средство за заштита

Заштитен, тиксотропен материјал на база на битумен. Се користи за заштита од корозија и удари од каменчиња. Се нанесува на долните делови од каросеријата и не може да се пребојува. Покажува одлични врзивни својства со подлогата и постојана еластичност.

Количина: 1kg, 2.5kg, 5kg

910 UNDERBODY Средство за заштита

Заштитен, тиксотропен материјал на база на каучук. Се користи за заштита од корозија и удари од каменчиња. Погоден за третирање на шасија и долни делови на каросерија. Се одликува со врзивна способност, брзо суши и може да се пребојува по сите системи на боење.

Количина: 1kg, 5kg, 20kg

640 CAVITY WAX Антикорозивен восок за заштита

Специјален, антикорозивен восок на маслена база кој се користи за пополнување на шупливи делови на возилата. Се нанесува на сите затворени површини како врата, прагови, хауба итн. Може да се користи и за третирање на надворешните делови на каросеријата. Отпорен е на високи температури. Може да се нанесува после фарбање.

Количина: 1l

900 CAVITY WAX Антикорозивен восок за заштита

Специјален, антикорозивен восок на маслена база кој се користи за третирање на шупливите делови на возилото и има добра звучна изолација. Се нанесува на затворени делови како врата, хауба, прагови, профили на шасија итн. Погоден е и за надворешни делови. Отпорен на високи температури.

Количина: 1l, 20l

955 TOUGH LINER 2К Полиуретански премаз за заштита

Се користи за заштита на површината на SUV возила, товарни возила, земјоделски машини, чамци и ел. од механички удари, гребење, УВ зрачење и атмосферски влијанија. Се произведува како транспарентен кој може да биде обоен со НВ Body акрилна боја или база. Се меша со TOUGH LINER хартер во однос 3:1.

Количина: 600ml

650 STONE CHIP Средство за заштита

Заштитен материјал кој овозможува одлична звучна изолација, извонредно заптивање и има одлична покривна моќ. Се употребува за заштита на внатрешни делови на каросеријата кај различни видови на возила. Има одлична врзивни својства.

Количина: 1kg

950 STONE CHIP Средство за заштита

Одличен, заштитен материјал кој се користи за третирање на сите внатрешни и долни делови на возилата. Покажува одлична врзивна способност кон подлогата. Брзо се суши и останува трајно еластичен. Може да се пребојува по сите системи за боење.

Количина: 1l, 2kg

U 951 AUTO FLEX Средство за заштита

Брзосушечки материјал кој се одликува со висока постојаност, трајна еластичност и висока моќ на адхезија. Се користи за заштита на надворешни или внатрешни делови од каросеријата. Се пребојува “мокро на мокро” со сите системи на боење.

Количина: 1l