Irkom

ИРКОФАС ФАСАДНА УЉЕНА БОЈА

ИРКОФАС ФАСАДНА УЉЕНА БОЈА е висококвалитетна акрилна боја за боење на стари фасади и зидни површини. Исклучително добро ги прекрива флеките на зидовите настанати од влага, од протекување на оџаци и сите други флеки. Преку овој премаз може да се нанесува дисперзна боја за зидови.

ИРКОМ ОНИКС ЛАК ЗА КАМЕН

ИРКОМ ОНИКС ЛАК ЗА КАМЕН е транспарентен премаз за заштита и декорација на сите видови природен и вештачки камен. Отпорен е на временски услови. Отпорен е на лупење, продира длабоко во површината, квалитетно ја штити, не пожолтува. Одличен е за премачкување на плочници, јавни шеталишта, паркови и ресторански градини бидејќи специјалната формула на овој производ овозможува лесно отстранување на залепени гуми за џвакање.

ИРКОМ ЛАНЕН ФИРНАЈС

ИРКОМ ЛАНЕН ФИРНАЈС се применува за примарна заштита на дрво а може да се користи и како претпремаз пред нанесува на лазурни премази.

ИРКОМ ПОЛИЕСТЕР СЕТ

ИРКОМ ПОЛИЕСТЕР СЕТ е двокомпонентен полиестерски сет кој се користи за ситни поправки во домаќинството (заштита на бетонски кровови, тераси, базени..) или за оштетети каросерии на автомобили како и полиестерски пловила.

ИРКОМ АНТИРОСТ

ИРКОМ АНТИРОСТ е средство за уништување на корозија од метални површини.

ИРКОМ УЉЕН РАЗРЕДУВАЧ

ИРКОМ УЉЕН РАЗРЕДУВАЧ се користи за разредување на бои и лакови на уљена основа, за одмастување на метални површини пред боење како и за перење на алат.

ИРКОМ НИТРО РАЗРЕДУВАЧ

ИРКОМ НИТРО РАЗРЕДУВАЧ се користи за припрема и одмастување на метални површини, разредување на нитро премази, нитро лакови како и за перење на алат.

ИРКОМ РАЗРЕДУВАЧ Б

ИРКОМ РАЗРЕДУВАЧ Б  е специјален разредувач за разредување на премазот БЕТОЛИН СТРОНГ

ИРКОМ БЕТОЛИН

ИРКОМ БЕТОЛИН е еколошка боја за декорација на вертикални бетонски и фасадни површини. Се карактеризира со висока отпорност на абење, УВ и атмосферски влијанија.

ИРКОМ АКВАЛИН ЛАЗУРА

ИРКОМ АКВАЛИН ЛАЗУРА e квалитетен лазурен премаз на водена база со додаток на восок. Ја оплеменува природната структура на дрвото и обезбедува негова долгорочна заштита. Нема непријатна миризба, брзо се суши и е погоден за внатрешни и надворешни дрвени површини. Исклучително е погодна за тврдо дрво.

ИРКОМ АКВАЛИН РАДИЈАТОР ЛАК

ИРКОМ АКВАЛИН РАДИЈАТОР ЛАК е специјален декоративен премаз на водена база за боење на радијатори. Се одликува со исклучителна покривна моќ, еластичност и отпорност на високи температури. Не пожолтува и брзо се суши.

ИРКОМ АКВАЛИН ЛАК ЗА ДРВО

ИРКОМ АКВАЛИН ЛАК ЗА ДРВО е транспарентен декоративен премаз на водена база со широка примена за лакирање на мебел, градежна столарија како и сите останати дрвени површини. Може да се користи за лакирање на детски играчки и предмети кои се во контакт со храна. Се одлилува со висока еластичност и отпорност на атмосферски влијанија.