Бои и премази за дрво

MAXILUX Impregnant Tранспарентен премаз

MAXILUX Impregnant е транспарентен премаз за импрегнација на дрво. Се употребува како прајмер пред нанесување на на MAXILUX LASUR TOP. Дополнително го штити дрвото од микроби, габи и останати штетни влијанија.

MAXILUX Lasur TOP лак лазура

Maxilux TOP LASUR e дебелослојна лак лазура со додаток на восок. Се користи за заштита и декорација на дрвени површини (ентериер и екстериер). Се одликува со долготрајна заштита на дрвените површини и значително помалку мирис од останатите лазури.

0.75 l, 3 l

Потрошувачка: 8-10 m²/l за еднослојна апликација, во зависност од квалитетот на подготвените површини и начинот на нанесување.

AQUAMAX® Metal Primer Основна боја за метал

AQUAMAX Metal Primer е основна, антикорозивна боја за заштита на површини од челик, железо, бакар, алуминиум. Изработен е од синтетички врзива, антикорозивни пигменти, полнила, специјални адитиви дисперзирани во вода. Се користи како основен премаз за внатрешни и надворешни метални површини во комбинација со универзален емајл AQUAMAX Wood & Metal Paint.

0.65 l, З l
Потрошувачка: ≈ 11 m²/0, 65L боја, во 1 слој.

AQUAMAX® Wood&Metal Paint Универзален емајл за дрво и метал

AQUAMAX Wood & Metal Paint е еколошки, високо квалитетен универзален емајл за дрво и метал, на база на водена дисперзија на акрилатот. Се одликува со исклучителна белина, со постојаност (не жолти), има одлична покривна моќ, отпорен е на атмосферските влијанија и на УВ зрачења. Наменет е за заштита и декорација на надворешни и внатрешни дрвени површини и метални површини во ентериерите. Практично е без мирис. Се произведува во бела боја во висок сјај, полусјај и мат. Може да се нијансира на MAXIMIX системот.

0.65 l, З l, 10 l
Потрошувачка: ≈ 11 m²/0.65 l за еднослоен премаз, во зависност од квалитетот на подготвената површина и начинот на нанесување.

AQUAMAX® Lasur Тор Дебелослоен транспарентен премаз за дрво

Дебелослоен лак-премаз на база на водена дисперзија на акрилни врзива, специјални адитиви, восок, посебни УВ апсорбери и стабилизатори. Се користи за заштита на дрвени површини во надворешни или внатрешни услови. Ја истакнува природната структура на дрвото и го штити од влага, УВ зраци и останати влијанија. Нема непријатен мирис. Се произведува како безбоен и нијансиран според Aquamax Lasur Тор тон картата.

0.65 l, З l, 10 l
Потрошувачка: ≈ 7 m²/0.65 l за двослоен нанос, во зависност од квалитетот на подготвените површини и начинот на нанесување.

AQUAMAX® lmpregnant Транспарентна импрегнација за дрво

AQUAMAX Impregnant е транспарентна имрегнација за дрво на база на водена дисперзија на акрилниот врзувач. Премаз кој е отпорен на габи, ја стабилизира бојата на дрвото, овозможува порамномерно боење, површините помалку впиваат и завршниот премаз остварува подобра адхезија. Лесно се нанесува и бргу се суши. Производот нема непријатен мирис, пријатен е за корисникот и за животната средина.

0.65 l, З l
Потрошувачка: ≈ 9 m²/0.65 l за еднослоен нанос, во зависност од квалитетот на спремените површинии начинот на нанеување.

AQUAMAX® Wood Primer Основна боја за дрво

AQUAМAX Wood Primer е еколошка, високо квалитетна, основна боја за дрво, на база на водена дисперзија на акрилатот. Добро го блокира танинот и останатите водорастворливи флеки. Наменет е за заштита на надворешни и внатрешни дрвени површини (прозорци, врати, огради, дрвени кровни конструкции, надстрешници и сл.), а се нанесува пред емајлот AQUAМAX Wood Paint & Metal. Се произведува во бела мат боја.

0.65 l, З l, 15 l
Потрошувачка: ≈ 11 m²/0.65 l за еднослоен премаз, во зависност од квалитетот на подготвената површина и начинот на нанесување.