NEVENA

Nevena Color COOL FLEXI PAINT акрилна боја за PVC

Aкрилна боја за пвц е специјален завршен премаз за внатрешни и надворешни површини на ПВЦ профили. Се разредува со вода, нема непријатна миризба, исклучително отпорен на атмосферски влијанија и УВ срачења. Брзо се суши и се нанесува директно на пластика (ПВЦ) без употреба на прајмер. Производот е достапен во 4 нијанси: бела, црна, темно кафеава и антрацит.

NEVENALUX Nitro Oсновна боја за метал

Основен премаз за заштита на метални површини. Се одликува со одлична адхезија и брзо сушење. Се нанесува со четка, ваљак или пиштол,на сува површина која нема корозија или нечистотии. Се разредува со нитро разредувач.

0.9 kg, 3.5 kg, 25 kg
Потрошувачка: 8–10 m²/1kg боја, во 1 слој.

Nevena Color Cool боја за бетон

Намена: Акрилен премаз на база на вода, со висока покривност за заштита и декорација на бетонски површини.

• Отпорен на абење, стабилен на УВ зрачење, издржлив, лесен за нанесување.

• Подготовка и нанесување: Бојата се разредува со 10% вода и се нанесува на сува и чиста површина импрегнирана со акрилна подлога COOL 1:9 или 1:5.

• Нанесување со валјак за боја и четка, во 2 слоја.

• Потрошувачка: Во зависност од квалитетот на подлогата 8 – 10 m² / kg.

• Оптимална работна температура + 10 ° C до + 30 ° C.

• Не смее да замрзне.

• Чување: Производот може да се користи 12 месеци доколку се чува на суво место во оригиналното пакување.

• Се произведува во основни нијанси.

C00L Uni Лепило за стиропор и мрежа

Градежно лепило за стиропор и мрежа изработено на база на полимери и цемент. Се користи за лепење на топлотно-изолациони плочи од стиропор како и за армирање на стаклена фасадна мрежичка.

25 kg
Потрошувачка: 3.0 -4.0 kg/m²

COOL Profi lspuna Полнило на база на гипс

Прашкаста смеса на база на гипс, со додаток на одредени адитиви и природни полнила. Наменета е за исполнување на споевите на гипс картонските плочи, за полукружни или коси рабови со помош на бандаж трака, глетување на споеви, пополнување на нерамнини или други оштетувања итн. Едноставен за припрема и лесно се нанесува.

5 kg, 25 kg
Потрошувачка: 0.2-0.5 kg/m2 за исполна на споеви.

COOL Glet masa Еднокомпонентна смеса за глетување

Еднокомпонентна, прашкаста глет маса на база на креч, за фино израмнување на ѕидови или плафони во внатрешни услови. Изработена е од полимерни врзива, полнила, згуснувачи и соодветни адитиви. Се нанесува рачно со глетарка во 2 слоја, со дебелина од 4mm на сите видови на подлоги од малтер, бетон или гипс-плочи како и на веќе обоени ѕидови.

5 kg, 25 kg
Потрошувачка: 1.0 – 1.5 kg/m², во 1 слој.

COOL Light Високопокривна боја за внатрешни ѕидови

Високопокривна акрилна боја наменета за внатрешни ѕидови, која има извонредна белина. Се одликува со висока покривност и отпорност на влажно бришење. Едноставно се тонира со C00L колоранти.

3kg, 7kg, 15kg,25kg
Потрошувачка: 10-12m’/lkg боја, во 1 слој.

COOL Acrylic Високопокривна водоперлива боја за внатрешни ѕидови

Водоперлива и паропропусна еколошка боја која не е штетна за здравјето. Се користи за боење на внатрешни ѕидови. Се одликува со одлична покривна моќ и може да се нанесе во само 1 слој. За постигнување на извонредни резултати се препорачуваат 2 слоја на боја.

1 l, 2.5 l
Потрошувачка: 7 – 8 m²/1 l боја, во 2 слоја.

COOL Pastel Високопокривна водоперлива боја за внатрешни ѕидови

Еколошка боја на акрилна база во 14 пастелни нијанси. Се користи за заштита и декорација на внатрешни ѕидови. Пред да се употреби се препорачува импрегнирање со подлога C00L .

1 kg, 5 kg
Потрошувачка: 5-6 m²/kg боја, во 2 слоја.

COOL Gold Високопокривна боја за внатрешни ѕидови

Еколошка, паропропусна и перлива боја која се одликува со изразита белина и висока покривност. Отпорна е на влажно бришење. Се користи за декоративна заштита на ѕидови во ентериери и плафони во јавни и станбени објекти. Се нанесува на цврсти површини кои се суви, чисти, без прашина, масло, масти и останати нечистотии.

3 kg, 8 kg, 15 kg, 25 kg
Потрошувачка: 170-200 ml/m², во 2 слоја.

COOL Dis Водоперлива дисперзивна боја за внатрешни ѕидови

Водоперлива внатрешна дисперзивна боја која добро се поврзува со подлогата, има одлична покривна моќ, изразита белина, паропропусност и отпорност на влажно или суво бришење. Наменета е за заштита или декорација на внатрешни ѕидни површини од бетон, продолжен малтер, гас-бетон, азбест-цемент, иверица и сл.

5 kg, 8 kg, 25 kg
Потрошувачка: 125-185 ml/m², во 2 слоја.

COOL Pol Еколошка боја за внатрешни ѕидови

Еколошка боја за декоративна заштита на внатрешни ѕидни површини и плафони. Отпорна е на суво бришење и се одликува со висока покривност, паропропусност и одлична белина. Погодна е за сите видови на минерални, суви и тврди подлоги, модификувани цементни подлоги, гипс-картонски плочи и ѕидови веќе обоени со дисперзивни бои. Се нијансира со COOL колоранти за добивање на пастелни тонови.

5 kg, 8 kg, 25 kg
Потрошувачка: 125-185 ml/m², во 2 слоја.