Бои и лакови за дрвени површини

NEVENALUX Podloga Полиуретанска подлога за лак за паркет

Попиуретанска подлога за сите видови на паркет и други дрвени површини. Се нанесува со четка, ваљак или пиштол во 1 или 2 споја. Следниот спој се нанесува после 12h. Површината на која се нанесува мора да биде сува, без восок, маснотии и прашина.

0.75 l, 2.5 l, 20 l
Потрошувачка: 8-10 m²/1l подлога, во 1 слој.

NEVENALUX 2К Lak Двокомпонентен полиуретански лак за паркет

Двокомпонентен попиуретански пак за заштита на дрвени површини. Двете компоненти се мешаат во однос 1:1. Подготвената маса се користи за време од 6h. Се нанесува со четка, ваљак или пиштол во 3 споја. Не се разредува. Работниот алат се пере со нитро разредувач.

1l, 2.5, 5l, 20l (А Ком.) + 1l, 2.5, 5l, 20l (Б Ком.)
Потрошувачка: 10–12 m²/1l лак, во 1 слој.

COOL PARKET 1К Лак за паркет

Се користи за заштита на дрвени подови во домаќинството, кои се изложени на помали оптоварувања (мебел, дрвена ламперија и останати дрвени површини). Може да се нанесе со четка, ваљак или прскање во 3 споја. По потреба може да се разреди со маслен разредувач.

2.5 l
Потрошувачка: 10–12 m²/1l лак, во 1 слој.

COOL Лак за паркет на водена база

Еднокомпонентен пак за заштита и декорација на сите видови на паркети и други дрвени подлоги. Еколошки производ, без штетни испарувања, без непријатен мирис, со свиленкаст сјај. Многу брзо се суши и е отпорен на абење. Не се користи на температури под 10° С. Се нанесува во 3 споја со четка или ваљак. Работниот алат се пере со вода.

1 l, 2.5 l
Потрошувачка: 8–10 m²/l лак, во 1 слој.

NEVENALUX Маса за фугирање на паркет

Безбоен лак, кој во комбинација со дрвени струготини дава одлична смеса за фугирање. Со негова употреба се постигнува ефект на монолитен под, со одличен визуелен изглед. Со тоа се смалува потрошувачката на лакот. Наменет е за пополнување на фуги кои се создаваат при редење на нов паркет или при негова употреба со тек на време.

5 kg
Потрошувачка: 8–10m²/1l фуг маса.

COOL Acryl Ваjc Акрилен бајц за дрво

Акрилен премаз на водена база за заштита и декорација на дрвени површини. Изработен е од акрилни врзива, пигменти и адитиви. Ја истакнува природната текстура на дрвото. Се нанесува во 1-2 слоја, со натопување или прскање на сува и обрусена површина на температура од +10° С до +25 ° С . Работниот алат се пере со вода.

0.65 l
Потрошувачка: 10-15 m²/1l бајц, во 1 слој.

COOL Acryl Акрилна основна боја за дрво

Еколошка опција за заштита и декорација на дрвени површини. Се користи како основен премаз на водена база. Ги штити дрвените површини во надворешни и внатрешни услови. Изработен е од акрилни врзива, пигменти и адитиви. Се нанесува со четка, ваљак или со распрскување на сува, чиста и одмастена површина. За разредување или перење на алат се користи вода.

0.65 l, 2.5 l
Потрошувачка: 8-10 m²/1l боја, во 1 слој.

COOL Acryl Lak Акрилен лак за дрво

Акрилен лак за дрво, изработен на водена база за заштита на надворешни или внатрешни дрвени површини. Еколошки производ, без мирис кој ја истакнува природната текстура на дрвото. Отпорен е на УВ зрачење и влага. Се нанесува со четка, ваљак или распрскување во 2-3 слоја. За разредување се користи вода.

0.65 l, 2.5 l
Потрошувачка: 10–12 m²/1l лак, во 1 слој.

COOL Основна боја за дрво

Основен премаз за заштита од атмосферски влијанија, кој се користи во градежна столарија и останати дрвени предмети. Се нанесува со четка, ваљак или пиштол во 2 слоја на сува, чиста и обрусена површина. Се користи маслен разредувач за разредување и перење на алат.

0.9kg
Потрошувачка: 8-10 m²/1l боја, во 1 слој.

COOL GOLD Lazura Лазурен премаз за дрво

COOL GOLD e лазурен премаз кој го штити дрвото, декоративно го бои и оплеменува. Му дава природен изглед на дрвото и ја истакнува неговата природна структура. Содржи висок процент на восок.

0.75 l, 2.5 l, 10 l
Потрошувачка: 8–10 m²/1l лазура, во 1 слој.

COOL CLASSIC Acryl Lazura Акрилен тенкослоен лазурен премаз за дрво

Акрилна, тенкослојна лазура на водена база за заштита на дрвени површини. Ја истакнува природната текстура на дрвото и покажува отпорност на надворешни влијанија и УВ зраци. Еколошки производ без мирис. Се нанесува со четка, ваљак или распрскување во 2-3 слоја на сува и обрусена површина, на температура од + 10° С до +25° С. Се разредува со вода.

0.65 l, 2.5 l
Потрошувачка: 10-12 m²/1l премаз, за 1 слој.

COOL Акрилен емајл-лак за дрво и метал

на водена база за заштита и декорација на внатрешни и надворешни метални и дрвени површини. Премазот е еколошки, без непријатна миризба, не пожолтува, брзо се суши. Достапен е во 10 различни готови нијанси.

0.65 l, 2.5 l
Потрошувачка: 10–12 m²/1l емајл, во 1 слој.