Бои за внатрешни ѕидови

COOL Light Високопокривна боја за внатрешни ѕидови

Високопокривна акрилна боја наменета за внатрешни ѕидови, која има извонредна белина. Се одликува со висока покривност и отпорност на влажно бришење. Едноставно се тонира со C00L колоранти.

3kg, 7kg, 15kg,25kg
Потрошувачка: 10-12m’/lkg боја, во 1 слој.

COOL Acrylic Високопокривна водоперлива боја за внатрешни ѕидови

Водоперлива и паропропусна еколошка боја која не е штетна за здравјето. Се користи за боење на внатрешни ѕидови. Се одликува со одлична покривна моќ и може да се нанесе во само 1 слој. За постигнување на извонредни резултати се препорачуваат 2 слоја на боја.

1 l, 2.5 l
Потрошувачка: 7 – 8 m²/1 l боја, во 2 слоја.

COOL Pastel Високопокривна водоперлива боја за внатрешни ѕидови

Еколошка боја на акрилна база во 14 пастелни нијанси. Се користи за заштита и декорација на внатрешни ѕидови. Пред да се употреби се препорачува импрегнирање со подлога C00L .

1 kg, 5 kg
Потрошувачка: 5-6 m²/kg боја, во 2 слоја.

COOL Gold Високопокривна боја за внатрешни ѕидови

Еколошка, паропропусна и перлива боја која се одликува со изразита белина и висока покривност. Отпорна е на влажно бришење. Се користи за декоративна заштита на ѕидови во ентериери и плафони во јавни и станбени објекти. Се нанесува на цврсти површини кои се суви, чисти, без прашина, масло, масти и останати нечистотии.

3 kg, 8 kg, 15 kg, 25 kg
Потрошувачка: 170-200 ml/m², во 2 слоја.

COOL Dis Водоперлива дисперзивна боја за внатрешни ѕидови

Водоперлива внатрешна дисперзивна боја која добро се поврзува со подлогата, има одлична покривна моќ, изразита белина, паропропусност и отпорност на влажно или суво бришење. Наменета е за заштита или декорација на внатрешни ѕидни површини од бетон, продолжен малтер, гас-бетон, азбест-цемент, иверица и сл.

5 kg, 8 kg, 25 kg
Потрошувачка: 125-185 ml/m², во 2 слоја.

COOL Pol Еколошка боја за внатрешни ѕидови

Еколошка боја за декоративна заштита на внатрешни ѕидни површини и плафони. Отпорна е на суво бришење и се одликува со висока покривност, паропропусност и одлична белина. Погодна е за сите видови на минерални, суви и тврди подлоги, модификувани цементни подлоги, гипс-картонски плочи и ѕидови веќе обоени со дисперзивни бои. Се нијансира со COOL колоранти за добивање на пастелни тонови.

5 kg, 8 kg, 25 kg
Потрошувачка: 125-185 ml/m², во 2 слоја.

COOL Eko Боја за внатрешни ѕидови

Еколошка боја, за декоративна заштита на внатрешни ѕидни површини и плафони. Отпорна е на суво бришење. Се одликува со висока покривност, паропропусност и извонредна белина. Погодна е за сите видови на минерални, суви и тврди подлоги, модификувани цементни подлоги, гипс-картонски плочи и ѕидови веќе обоени со дисперзивни бои. Се нијансира со COOL колоранти за добивање на пастелни тонови.

5 kg, 8 kg, 22 kg
Потрошувачка: 125-180 ml/m², во 2 слоја.

COOL Podloga Импрегнациски премаз за дисперзни бои

Се користи за импрегнирање на внатрешни ѕидови пред нанесување на дисперзивни бои. Ја подобрува адхезијата на новите премази, ја смалува пропустливоста на подлогата и ја смалува потрошувачката на завршниот слој. Се разредува со вода, во однос 1:4, 1:5 или 1:9. Се нанесува со четка или ваљак.

1 l, 5 l
Потрошувачка: 200–300 g/m² разредена емулзија.