Останати производи

Nevena Color COOL FLEXI PAINT акрилна боја за PVC

Aкрилна боја за пвц е специјален завршен премаз за внатрешни и надворешни површини на ПВЦ профили. Се разредува со вода, нема непријатна миризба, исклучително отпорен на атмосферски влијанија и УВ срачења. Брзо се суши и се нанесува директно на пластика (ПВЦ) без употреба на прајмер. Производот е достапен во 4 нијанси: бела, црна, темно кафеава и антрацит.

Nevena Color Cool боја за бетон

Намена: Акрилен премаз на база на вода, со висока покривност за заштита и декорација на бетонски површини.

• Отпорен на абење, стабилен на УВ зрачење, издржлив, лесен за нанесување.

• Подготовка и нанесување: Бојата се разредува со 10% вода и се нанесува на сува и чиста површина импрегнирана со акрилна подлога COOL 1:9 или 1:5.

• Нанесување со валјак за боја и четка, во 2 слоја.

• Потрошувачка: Во зависност од квалитетот на подлогата 8 – 10 m² / kg.

• Оптимална работна температура + 10 ° C до + 30 ° C.

• Не смее да замрзне.

• Чување: Производот може да се користи 12 месеци доколку се чува на суво место во оригиналното пакување.

• Се произведува во основни нијанси.

COOL Фасаден премаз на маслена база

Наменет е за заштита и декорација на сите видови на фасади (бетонски, малтерисани или гипсени) во надворешни или внатрешни услови. Отпорен е на атмосферски влијанија, индустриски гасови, алкалии, киселини, мувла и микроорганизми. Премазот е произведен на маслена база и се разредува со маслен разредувач.

1 kg, 3.5 kg, 25 kg
Потрошувачка: 2-3 m³/lkg премаз, во 2 слоја.

COOL Akrilfas Боја за фасадни ѕидови

Квалитетна, фасадна боја на база на акрилат. Одлично се врзува за минералната подлога, има висока покривна моќ и белина. Паропропусна, водоодбојна и постојана на атмосферски влијанија и УВ зраци. Се користи за заштита и декорација на надворешни или внатрешни ѕидови, разни видови на малтери, гас-бетон, репарација и боење на стари фасади итн.

5 kg, 8 kg, 25 kg
Потрошувачка: 170 – 310 ml/m², во 2 слоја.

COOL Лак за камен

Акрилен премаз за заштита на природен и вештачки камен, фасадни тули итн. Се користи во внатрешни и надворешни услови. Се нанесува со четка, ваљак или пиштол во 2 наноса. Вториот слој се нанесува после сушење од 30 мин.

0.75 l, 10 l, 20 l
Потрошувачка: 4-6 m² /1 l лак, во 1 слој.

COOL Боја за базен

Заштитна и декоративна боја за базен, но и за останати површини како што се бетонски, асфалтни, малтерисани, гипсани (подови, тераси, работилници хали и гаражи) и ел. Може да се нанесе со четка, ваљак и распрскувачки пиштол. За перење на работниот прибор и за разредување на премазот се користи нитро разредувач. Пред да се нанесе, површината мора да биде сува, чиста и без прашина и маснотии. Премазот брзо се суши и има голема отпорност на абење, атмосферски влијанија, бензин, нафта и уље. Се суши за време од 12h.

1 kg, З kg, 25 kg
Потрошувачка: 4-6 m²/1kg боја, во 1 слој.

COOL Acryl Fresh Акрилен емајл за када

Акрилен емајл наменет за санација или репарација на помали површински оштетувања на кадите. Се нанесува во 2 слоја со четка, ваљак и распрскување. Кај металните кади се нанесува преку COOL акрилна основна боја за метал, додека кај ПВЦ кадите репарацијата се врши после наносот на COOL акрилен емајл. Следниот слој се нанесува после 6-Bh. Приборот се чисти со вода. После репарирање несмее да се чисти со јаки хемиски или абразивни средства. Пред употреба се разредува со 10% вода.

0.45 l
Потрошувачка: 8-10 mm²/1l, во 1 слој.

COOL Aqua Акрилна боја за бетон

Акрилен, водорастворлив премаз со висока покривност за заштита но и за декорација на бетонски површини. Се одликува со отпорност на абење, како и постојаност на УВ зраци. Долготраен и лесен за примена. Се нанесува на сува подлога, без прашина и маснотии. Пред да се обои со COOL Aqua, треба да се импрегнира со COOL подлога. Може да се нанесе со четка или ваљак во 2 слоја. Пред употреба се разредува со 10% вода. Алатот се чисти веднаш после употреба употреба со вода.

1 kg, 5 kg
Потрошувачка: 8-10 m²/kg боја, во 2 слоја.

COOL Боја за патишта

Наменета е за хоризонтални сигнални обележувања на патишта. Премазот се суши брзо, отпорен е на абење, нафта, бензин, масло и атмосферски влијанија. Се нанесува со распрскување на веќе подготвен асфалт при температура на воздух ОД 10°С ДО 30°С. Површината претходно мора да биде сува, чиста и одмастена. На нанесен слој со дебелина 400-500 µ се сипуваат стаклени перли. За разредување и чистење на алатот се користи разредувач на боја за патиштата тип R 310.

3.5 kg, 30 kg
Потрошувачка: 4-6 m²/1kg боја, во 1 слој.
Палета на бои: бела и жолта.

COOL Wash Primer Основна реактивна боја за метал

Еднокомпонентен и реактивен премаз, кој се нанесува директно на избрусена и одмастена, метална површина (алуминиум, железо, поцинкуван лим). Го зајакнува поврзувањето на основниот или завршниот премаз и го штити материјалот од корозија. Се нанесува со четка или распрскување во тенок слој. Доколку е потребно се разредува со 5% нитро разредувач.

1 l
Потрошувачка: 15 m²/1l премаз, во 1 слој.