Абразиви

Cubitron ll™ PURPLE+ ABRASIVE MULTIHOLE Strips Кубитрон абразивен лист за рашпа

Кубитрон абразивни листови кои се долготрајни и можат брзо да обработуваат со одлична апсорпција на прашина.

Hookit™ PURPLE + ABRASIVE ЅНЕЕТ 734U Абразивен лист за рашпа

Иновативен дизајн на материјал за брусење, со отвори во облик на буквата “V”. Извонредно долготрајна хартија со одлично апсорпција на прашината. Благодарение на “V” дизајнот кој е патентиран може да се подели на 2 потенки листа.

Диск (Ø) 150mm, без отвори

Серија 355 Marble

Серија 355 е идеално решение за брусење на мермер. Зрнцата на силициум карбид значајно придонесуваат за рамномерно брусење. Производите овозможуваат многу брзо брусење и долготрајност. Тешката антистатичка хартија е погодна да издржи висок притисок применет при работа и да спречи да дојде до запушување.

ПРИМЕНА:

Мермер

Ролна h200mm х 25m

Серија 350 Dural

Идеален производ за брусење на подлоги на автомобили, дрво или фурнир кои се прекриени со кит маса, лак или основни премази. Специјалниот стеаратен премаз го спречува затнувањето и ја зголемува трајноста на производот. Абрасофтот со сунѓерестиот слој на задната страна се идеални за рачно брусење на површини со вдлабнувања, облини, агли и ел. Може да се користи делумно и за мокро брусење.

ПРИМЕНА:

  • Тврдо дрво
  • Паркет
  • Градежништво

Ролна h600mm х 25m

Серија 330 Duroflex

Висококвалитетни абразивни материјали идеални за брусење на дрвени подови, мебел, дрвени врати и други површини од секаков вид на дрво. Тешка, антистатичка хартија која во текот на обработувањето може да издржи притисок и оптеретување без да дојде до затнување на завршниот слој.

ПРИМЕНА:

  • Дрво
  • Метал

ZX-635 Бесконечна трака, ролна h200mm х 25

Серија ZX-635

Линија на абразивни производи наменети за брусење на цврсти дрвени површини, паркет и посебно метал. Екстра цврстата памучна облога, обезбедува извонредна издржливост, додека пак завршниот слој од циркониум-алуминските зрна одлично се однесува при обработување на метални структури. Брзината на брусење со овој тип на производи која се должи на зрната од циркониум алумина е клучната особина за нивните целокупните перформанси.

ПРИМЕНА:

  • Тврдо дрво
  • Паркет
  • Метал

Листови 230 х 280mm

Серија 270

Висококвалитетна, водоотпорна хартија која најчесто се употребува за брусење на лакираните површини при репарирање на автомобилски каросерии. Погодна е за брусење на тешко достапни и закривени делови поради високата еластичност која се должи на 30% латекс. Специјално се препорачува за отстранување на ефектот “кора од портокал” како и за чистење и репарација на фаровите.

ПРИМЕНА:

  • Автомобилска индустрија
  • Обработка на камен и мермер
  • Градежништво

Серија 820 Yellow line

VELCRO Диск Ø 150mm, со 7 отвори
VELCRO Диск Ø 125mm, без отвор

Серија 820

Жолтата серија 820 содржи производи кои имаат одлични абразивни перформанси. Фокусирани се на репарација на бродови и автомобили па поради тоа се одлични при брусење на површини премачкани со основни премази, кит маси или лак. Освен тоа погодни се и за обработка на дрво во индустрија за мебел. Отворената структура на облогата како и стеаратниот премаз им дава можност за долготрајна употреба, а брзата обработка и високата ефикасност се должи на специјално обработените зрна на алуминиум оксидот.

ПРИМЕНА:

  • Автомобилска индустрија
  • Бродоградитепна индустрија
  • Индустрија за мебел
  • Градежништво

VELCRO Диск Ø 225mm

Серија 750

Керамичката мрежа 750 е производ кој овозможува подобра продуктивност и профитабилност, бидејќи зачепувањето е минимизирано и процесот на брусење е поефикасен со повисоки перформанси и подобра завршна обработка. Облогата со керамички зрна овој производ го прави иделаен за обработка на тврди површини, апликации со поголеми очекувања како тврдо дрво и останати екстремно цврсти површини. Покажува долг век на траење како и одлични перформанси при брусење на основни премази. Мрежната текстилна структура максимално ги апсорбира честичките при брусење и на тој начин не дозволува да се појави прашина. Помалку време и напор се потребни за чистење на работната средина по завршување на обработката и ги заштитува вработените од штетната прашина која се ослободува при брусење.

ПРИМЕНА:

  • Автомобилска индустрија
  • Индустрија за мебел
  • Градежништво

VELCRO Диск Ø 225mm, 6 отвори

Серија 750

Керамичката мрежа 750 е производ кој овозможува подобра продуктивност и профитабилност, бидејќи зачепувањето е минимизирано и процесот на брусење е поефикасен со повисоки перформанси и подобра завршна обработка. Облогата со керамички зрна овој производ го прави иделаен за обработка на тврди површини, апликации со поголеми очекувања како тврдо дрво и останати екстремно цврсти површини. Покажува долг век на траење како и одлични перформанси при брусење на основни премази. Мрежната текстилна структура максимално ги апсорбира честичките при брусење и на тој начин не дозволува да се појави прашина. Помалку време и напор се потребни за чистење на работната средина по завршување на обработката и ги заштитува вработените од штетната прашина која се ослободува при брусење.

ПРИМЕНА:

  • Автомобилска индустрија
  • Индустрија за мебел
  • Градежништво

Серија 510 White dray line

VELCRO Ролна h115mm х 25m
STANDARD Ролна h115mm х 50m
STANDARD Лист 230 Х 280mm

Серија 510

Линија на абразивни материјали наменета за универзална употреба. Се препорачува за брусење на површини од автомобили и морски бродови. Производите се идеални и за обработка на површини премачкани со основни премази, кит маси, лак и ел. Посебно се препорачуваат за брусење на дрвени, глетувани површини или ѕидови од гипс-картонски плочи во градежната индустрија. Имаат облога со отворена структура на специјалните зрна како и стеаратен премаз поради што покажуваат извонредни ефективни карактеристики. Тешко се зачепуваат и имаат продолжено време на употреба.

ПРИМЕНА:

  • Автомобилска индустрија
  • Бродоградитепна индустрија
  • Индустрија за мебел
  • Градежништво

6120 Siafleece

Ролна 115mm х 140mm х 5mm
Диск Ø407mm

Абразивен материјал кој се користи дури и за завршни обработки, рачни или со помош на преносни машини. Може да се употреби при суво или влажно брусење. Импресионира со својата висока усогласеност, конзистентност како и перформанси во текот на долготрајна примена. Има мала тенденција на затнување и постојан висок квалитет на површината. Флексибилен и лесно прилагодлив на различни контури. Има тродимензионална гранулатна структура. Се одликува со отпорност на алкалии или растворувачи, тешко запалив и е безбедна алтернатива на челичната волна.

ПРИМЕНА:

  • Градежништво
  • Универзална примена

Апликација:
Отстранување на корозија и обезбојувања;
Брусење на паркет
Брусење на метални површини за подобро впивање на средствата против корозија
Фино пескарење на бетонски површини и дрвени влезни врати