Бои и лакови

CERESIT CT17

CERESIT CT17 е основен премаз за зајакнување на впивачките површини (подни и ѕидни). Ги врзува слабите честички и ја зголемува водоодбивноста на глет масите, гипс картонските плочи, влакнести плочи, цементни подлоги, природни и вештачки подови и бетонски подлоги. Се применува во внатрешни и надворешни простории, пред лепење на тапети, нанесување на глет маса, боја, фасадни системи или лепење на плочки. Прајмерот е исклучително паропропусен.

Пакување 2 л и 10 л.

CERESIT CT10

CERESIT CT10 е водоодбивно средство импрегнација на керамички и бетонски површини. Штити од апсорпција на вода на впивачки оштетени површини (максимална ширина на пукнатина до 0,2 мм). Се одликува со брзо сушење (2-6 h), не ја менува структурата и бојата на површините, штити од појава на габи и мувла и може да се користи внатре и надвор.

Пакување 1 л.

Irkom 3 во 1 боја за метал

ИРКОМ 3во1 е брзосушива темелно – завршна боја за метални површини. Во себе содржи антикорозивно средство, основна и завршна боја. Ирком 3во1 бојата е со премиум квалитет, создадена од единствена комбинација на најдобрите карактеристики на уљените (исклучителна еластичност, постојаност на нијансите) и нитро премази (брзо сушење). 

Главни предности:

  • Се нанесува директно на цинк и корозија
  • Исклучителна покривна моќ и одлично разлевање,
  • Висока цврстина на завршиот филм
  • Еластичен премаз кој не пука
  • Висока отпорност на механички и атмосферски влијанија.
  • Создава водоодбивен филм и во себе содржи УВ блокатори кои овозможуваат долготрајност на нијансата.
  • 20 различни нијанси
  • Го штити металот од 5 – 15 години

Оргиналната рецептура Ирком 3во1 работата ја завршува во само 1 ден, со што го крати потребното време за боење. Покрај тоа заштедува и на материјал како и на пратечки алат за боење, доволен е само 1 ваљак / 1 четка или друг алат.

Заменува антирост, основна и завршна боја

Заштедува: Работа, време и пари.

Ирком 3во1 наоѓа примена при:

  • Боење на нов метал, кородиран метал како и врз стари премази. Може да се нанесува директно без прајмер на сите поцинкувани лимови и алиминиум (неопходно е пред боење да поминат најмалку 15 дена од поцинкувањето на металот, металот благо да се избруси и добро да се одмасти.)
  • Боење на метални огради, тераси, метални галантерии, симсови, олуци, радијатори.
  • Боење на сите останати грејни тела (отпорен е на температури од над 100C)
  • Боењето и одржување на земјоделски машини.
  • И покрај специјалноста за нанесување на метал, може да се нанесува и на дрвени површини (создава ефект на пластифицираност) како и на пластика (со претходно матирање на пластиката)

Поради големата количина на блокатори на корозија, создава квалитетна заштита од корозија од 5 до 15 години (со нанесување на вкупна дебелина на сувиот филм од 120 микрони).

АПЛИКАЦИЈА:

На нов метал

Потребно е отстранување на сите маснотии од металот. Потоа бојата се нанесува во две раце, од кои првиот слој треба да е по тенок додека вториот по дебел. Вкупната дебелина на сувиот филм на премазот треба да е минимум 120 микрони што е доволно за создавање на квалитетен филм кој ќе спречи продирање на корозија. Вториот слој се нанесува мокро на мокро или најкасно до 4 часа од нанесување на првиот слој (со што се заштедува на време). Ирком 3во1 премазот е сув на допир за 30-60 минути, а потполно е сув за 72 часа.

На кородиран метал

Потребно е отстранување на грубите и слабо носиви елементи на корозија, добро чистење и одмастување на металот и потоа директно на корозија да се нанесе премазот во 2 раце (исто како при нанесување на нов метал)

РАЗРЕДУВАЊЕ:

Се разредува исклучиво со Р1 разредувач, кој е формулиран специјално за овој производ кој во себе содржи над 20 различни компоненти, за чие разредување е потребен специјален разредувач. Со користење на обични нитро разредувачи не се добиваат посакуваните резултати.

  • За нанесување со четка – 5 до 10%
  • За нанесување со ваљак (се препорачува користење на ваљак од нитро отпорен материјал) – 5 до 10 %
  • За нанесување со пиштол – 10 до 20%, дизна 1,6-1,8мм, притисок на излез од пиштол 3,2 бара, а на компресор 3,8 бара.

Во една рака, Ирком 3во1 премазот покрива 8м2

MAXIGIPS® – високопокривна водоперлива боја за проблематични површини

MAXIGIPS е високопокривна водоперлива боја за внатрешни ѕидови. Специјално е формулирана за боење на проблематични површини како гипс-картонски плочи, валкани површини како, темни нијанси како и сите други површини каде се бара високо покривност на бојата. На гипс-картонските плочи може да се нанесува директно, без употреба на прајмер.

Потрошувачка: 125–185 ml/m², во зависност од грубоста и впивањето на подлогата, техниката и начинот на нанесување.

DOLMAR 111 антисиликонско чистило

Универзален одмастувач за отстранување на силиконски маснотии пред фарбање.

1 l
Потрошувачка: по потреба.

Nevena Color COOL FLEXI PAINT акрилна боја за PVC

Aкрилна боја за пвц е специјален завршен премаз за внатрешни и надворешни површини на ПВЦ профили. Се разредува со вода, нема непријатна миризба, исклучително отпорен на атмосферски влијанија и УВ срачења. Брзо се суши и се нанесува директно на пластика (ПВЦ) без употреба на прајмер. Производот е достапен во 4 нијанси: бела, црна, темно кафеава и антрацит.

ELAN Elapren 780s

Елапрен 780 – специјално лепило со широка примена во производство, репарација и уредување на внатрешноста на автомобили и пловни објекти. Се користи за лепење на подови и внатрешна страна на кровот (небото) во автомобилот. Може да лепи кожа, скај, микропорозна гума, штоф и необоен лим. Залепениот спој е еластичен и траен,  отпорен на вода. Температуно е постојан до 110 степени.

Се нанесува пиштолски.

Пакување: 1л, 4л, 20л

Zorka Color ELATON лазурни премаз

Ефикасно средство за заштита на дрво од влијание на влага, дожд, мраз и сонце. Дрвото заштитено со Елатон лазурен премаз има природен и оплеменет изглед со видлива структура на дрво. Премазот е постојан на светлина и длабиснки го штити дрвото.

Премазот се нанесува во 2-3 слоја на предходно сува и исчистена дрвена површина во зависност од тоа дали дрвото е надвор или внатре. Суво е на допир за 8-10 часа, а следен слој може да се нанесе по 24 часа/

Потрошувача: 10-12 m2/l во зависност од врста на дрво.

Пакување: 0,75 l

Zorka Color лак за камен

Лак за камен се користи за декорација на камени површини. Отпорен е на атмосферски влијанија и ја подобрува хидрофоноста на камената површина.

Нијанса: безбоен

Потрошувачка: 7-8 m2/l за еден слој

Пакување: 0,75 l

ELAN Elapren 780

Елапрен 780 – специјално лепило со широка примена во производство, репарација и уредување на внатрешноста на автомобили и пловни објекти. Се користи за лепење на подови и внатрешна страна на кровот (небото) во автомобилот. Може да лепи кожа, скај, микропорозна гума, штоф и необоен лим. Залепениот спој е еластичен и траен,  отпорен на вода. Температуно е постојан до 110 степени.

Пакување: 1л, 4л, 20л

ELAN Уљен разредувач

Уљен разредувач – се користи за одмастување на метални површини, разредување на уљени бои и перење на алат.

Пакување: 0,8л и 4,75л

ELAN Нитро разредувач

Нитро разредувач – се користи за одмастување на метални површини, разредување на нитро боја како и за перење на алат.

Пакување:
0,8л и 4,75л