Градежен програм

CERESIT CX5 EXPRESS

CERESIT CX5 EXPRESS е брзоврзувачки репаратурен малтер за брзо зацврстување, поставување и привремено заптивање на вода. Погоден е за било каков вид на бетон, цементен малтер, ѕидови од цигли и кошулици, елементи за електрична исталација, аголни летни и сл. Може да се користи внатре и надвор. Отпорен е на вода и мраз. Создава цврста површина за само 5 минути.

Пакување – вреќа од 5 кг.

GLETOLIN® G10

готова пастозна глет маса наменета за израмнување на внатрешни зидови како и гипс картонски плочи. Главна разлика во однос на другите готови глет маси е лесната обработка. Поради лесната обработка и прифатливата цена овој производ е погоден за глетување на поголеми површини и проекти.

Пакување: 25кг

MAXIMAL® Špric цементен шприц

MAXIMAL Špric е врзивно средство, врзивен мост наменет за машинско и рачно нанесување. Се користи кај сите подлоги кои се малтерисуваат. Неговата употреба посебно се препорачува кај силно впивачки, мазни и критични подлоги (подлоги од бетон, цигла, гасбетонски елементи, мешовити ѕидови, природни камења). Со употребата на MAXIMAL Špric се постигнува добра адхезија на малтерот, се изедначува впивливоста на подлогата, и се добива рапава површина.

Работна температура: Оптималната работна температура е од +5°C до +25°C, при што воздухот и површината на која се нанесува малтерот мора да бидат во овој температурен опсег.

Потрошувачка: ≈3 kg/m².

MAXIMAL® G гипсано-кречен машински малтер

MAXIMAL G е готов гипсано-кречен малтер, наменет за машинско и рачно малтерисување на сите носивно способни внатрешни ѕидни површини. Може да се користи кај сите видови на ѕидови од цигла, тула, гасбетонски елементи, бетон и природен камен.

Работна температура: Оптималната работна температура е од +5°C до +25°C, при што воздухот и површината на која се нанесува малтерот мора да бидат во тој температурен опсег.

Потрошувачка: ≈12 kg/m² за 10mm дебелина за рамни површини.

MAXIMAL® S цементно-кречен машински малтер

MAXIMAL S е готов цементно-кречен малтер, наменет за машинско и рачно малтерисување на сите носивно способни надворешни и внатрешни ѕидни површини. Може да се користи кај сите видови на ѕидови од цигла, тула, гасбетонски елементи, бетон и природен камен.

Работна температура: Оптималната работна температура е од +5°C до +25°C, при што воздухот и површината на која се нанесува малтерот мора да бидат во овој температурен опсег.

Потрошувачка: ≈14 kg/m² за 10mm дебелина за рамни површини.

MAXIMAL® C цементен машински малтер

MAXIMAL C е готов цементен малтер за машинско и рачно малтерисување, на сите носивно способни внатрешни и надворешни ѕидни површини. Може да се користи кај сите видови на ѕидови од цигла, тула, гасбетонски елементи, бетон и природен камен. Се препорачува за простории со поголема влажност, мокри јазли, подрумски простории.

Работна температура: Оптималната работна температура е од +5°C до +25°C, при што воздухот и површината на која се нанесува малтерот мора да бидат во овој температурен опсег.

Потрошувачка: ≈16 kg/m² за 10mm дебелина за рамни површини.

MAXIMAL® кречно-цементен внатрешен машински малтер

MAXIMAL е готов кречноцементен малтер, наменет за машинско и рачно малтерисување на сите носивно способни внатрешни ѕидни површини. Може да се користи кај сите видови на ѕидови од цигла, тула, гасбетонски елементи, бетон и природен камен.

Работна температура: Оптималната работна температура е од +5°C до +25°C, при што воздухот и површината на која се нанесува малтерот мора да бидат во овој температурен опсег.

Потрошувачка: ≈14 kg/m² за 10mm дебелина за рамни површини.

SAMOLIV® Маса за израмнување на бетонски подови во ентериери

SAMOLIV е цементна самонивелирачка маса, наменета за израмнивање на бетонски подови во ентериерите. Погоден е за примена во простории со подно греање, пред вградување на подните облоги (ПВЦ подови, ламинат, паркет, керамички плочки…). По стврднувањето, се добива фина мазна површина. Се нанесува во тенок слој, со максимална дебелина до 8mm. Доколку се јави потреба за подебел слој, се нанесува нов слој, на веќе претходно исушениот. SAMOLIV-от не е предвиден како завршен газечки слој.

25 kg
Потрошувачка: ≈ 1.4 kg/m²/mm.

GLETOLIN® DS Маса за дебелослојно израмнување на фасадни површини

GLETOLIN DS е прашкаста маса на основа на бел цемент, пунила и специјални адитиви, наменета е за глетување на особено нерамни надворешни и внатрешни цврсто малтерисани ѕидни површини, па како таква може да се нанесува во подебели слоеви. GLETOLIN DS се одликува со исклучителна белина, леснотија при нанесувањето и обработливоста. Израмнетите површини, кои се потполно суви, можат да се бојат со сите врсти на дисперзни бои во ентериерите, и сите фасадни бои кај фасадните површини.

5 kg, 25 kg
Потрошувачка: ≈ 1.5 kg/m²/mm, во зависност од рапавоста на подлогата.

GLETOLIN® Ѕ Маса за израмнување на фасадни површини

GLETOLIN S е прашкаста маса на основа на бел цемент, полнила и специјални адитиви, наменета е за глетување на бетонски и цврсто малтерисувани надворешни и внатрешни ѕидни површини. GLETOLIN S се одликува со исклучителна белина, леснотија при нанесувањето и обработливоста. Израмнетите површини, кои се потполно суви, можат да се бојат со сите врсти на дисперзни бои во ентериерите, и сите фасадни бои кај фасадните површини.

25 kg
Потрошувачка: 1.0-2.0 kg/m², во зависност од рапавоста на подлогата.

GLETOLIN® Bio Маса за израмнување на внатрешни ѕидови

GLETOLIN Bio е прашкаста маса за глетување на внатрешни, цврсто малтерисани ѕидни површини, како и гипс картонски плочи. GLETOLIN Bio се одликува со леснотија при нанесувањето и обработливоста. Израмнетите површини, кои се потполно суви, можат да се бојат со сите врсти на дисперзни бои.

25 kg
Потрошувачка: 0.9-1.5 kg/m², во зависност од рапавоста на подлогата.

GLETOLIN® М Маса за машинско израмнување на внатрешни ѕидови

GLETOLIN M е прашкаста маса, наменета за машинско глетување на внатрешни, цврсто малтерисани ѕидни површини и гипс картонски плочи. GLETOLIN M се одликува со леснотија при нанесувањето и обработливоста. Израмнетите површини, кои се потполно суви, можат да се бојат со сите врсти на дисперзивни бои.

25 kg
Потрошувачка: 0.9-1.5 kg/m², во зависност од рапавоста на подлогата.