Хидроизолација и адитиви

HIDROMAX® Elastic Еластичен 2K, полимерно-цементен премаз

2К Еластична маса на основа на цемент и специјални агрегати подобрена со водоодбивни, водонепропусни и алкално отпорни полимери, засилена влакна, збогатена со посебни адитиви за заштита на бетонски површини. Се состои од сува компонента А и течна компонента Б. Се користи за хидроизолација на кујни, купатила, вкопани ѕидови, подруми, базени итн.

10 kg (Koм.A) + 5 kg (Ком.Б)
Потрошувачка: ≈1.8 kg /m²/mm, во зависност од рапавоста и впивливоста на површините како и од техниката и начинот на нанесување.

HIDROMAX® Flex Флексибилен 2K, полимерно-цементен премаз

Флексибилен 2К премаз направен на база на цемент и подобрен со водо-одбивни и водонепропусни, полимери, специјално селектирани агрегати и збогатен со посебни адитиви. Се состои од сува компонента А и течна компонента Б, со чие вмешување се добива пастеста маса. Се препорачува за хидроизолација на купатила, кујни, вкопани ѕидови, подруми, подрумски простории, темели, базени. тераси и балкони.

12 kg (Koм.A) + 5 kg (Ком.Б)
Потрошувачка: ≈ 2 kg /m²/mm, во зависност од рапавоста и впивливоста на површините како и од техниката и начинот на нанесување.

HIDROMAX® 505 Еластичен 2K, цементно-полимерен премаз

HIDROMAX 505 е еластична двокомпонентна полимерно-цементна маса изработена на база на цемент, одберени полнила, водоодбојни и водонепропусни полимери со додаток на адитиви. Се состои од сува компонента А и течна компонента Б, со чие вмешување се добива пастозна маса која се нанесува со четка. Се употребува заради заштита на објектите од појава на капиларна влага, од продор на вода под низок притисок, како и кај ситуации каде е потребно да се обезбеди водонепропусност под влијание на позитивен хидростатски притисок на водата.

5 kg (Koм.A) + 5 kg (Ком.Б)
Потрошувачка: ≈ 1.2-1.4 kg/m2 за два слоја, во зависност од рапавоста и впивливоста на подлогата, техниката и начинот на нанесување.

HIDROMAX® Liquid Foil Флексибилна 1K хидроизолациона мембрана

1К Хидроизолационен премаз на база на дисперзија на полимерни врзива, внимателно одберени адитиви кои ја подобруваат водоодбивноста како и посебно селектирани агрегатни полнила. Се користи кај системите за подно греење. Може да се нанесе на бетон, цементна кошулка, цементни малтери гипс-картонски плочи, терацо, камен… Наменет е за внатрешни или надворешни површини.

5 kg, 15 kg
Потрошувачка: 1.0-1.3 kg/m² во два слоја, во зависност од рапавоста и впивливоста на подлогата, техниката и начинот на нанесување.

HIDROMAX® Lastic Еластичен 1К полимерно-цементен премаз

Прашкаста маса изработена на база на цемент, агрегати, водоодбојни и водонепропусни, алкално отпорни полимери, влакна и адитиви за заштита од влага на бетонски површини. Се меша со вода и се нанесува со глетарка или четка. Ги штити објектите од капиларни појави на влага, вода под притисок, позитивен и негативен хидростатички притисок итн. Се користи за купатила, кујни, базени, резервоари, подруми…

10 kg
Потрошувачка: ≈ 1.2 kg/m²/mm, во зависност од рапавоста и впивливоста на површините како и од техниката и начинот на нанесување.

HIDROMAX® Plus 1К Полимерно-цементен премаз

HIDROMAX Plus е 1К маса изработена на основа на цемент, специјално селектирани агрегати, збогатена со водоодбивни и водонепропустни полимери и адитиви. Се употребува за заштита на објектите од појава на капиларна влага, продор на вода под низок притисок како и во случаи каде е потребно да се обезбеди водонепропусност при позитивен хидростатички притисок на водата.

12 kg
Потрошувачка: ≈ 1.9 kg/m²/mm, во зависност од рапавоста и впивливоста на површините како и од техниката и начинот на нанесување.

CEMENTOL Unimaz Е

Оплатна емулзија на база на восок, погодна за метални и пластични калупи и оплати. Овозможува полесно отстранување на калапот без оштетување на бетонот, при што позади себе остава мазни, чисти и убави видни површини на бетон и не влијае на времето на врзување на бетонот. Ефикасно ги штити металните оплати од корозија.

Потрошувачка: 1 l зa 65–100 m² (0,015–0,025 l/m²)
Пакување: 10 l

CEMENTOL Unimaz О

Оплатно масло на база на минерални масла кое се користи за сите видови на оплати, а посебно се препорачува кај дрвените или металните калупи и оплати. Овозможува лесно отстранување на калапот без оштетување на бетонот и не влијае на времето на врзување на бетонот. Ефикасно ја штити металната оплата од корозија и во согласност со тоа и го продолжува работниот век.

Потрошувачка: 1 l зa 40–100 m² (0,010–0,025 l/m²)
Пакување: 10 l

CEMENTOL Elastosil 34

Додаток за подобра адхезија на новиот бетон или малтер на веќе стврднатиот бетон. Одличен е за изработка на лепливи малтери, кошулки со зголемена еластичност и со поголема отпорност на абење, за изработка на санациски малтери и др.

Потрошувачка: 0,1–1 kg/m²/cm
Пакување: 1 kg, 3 kg, 10 kg

SILIFOB HIT

Хидроизолациона течност за санација на влажни ѕидови со постапка на инјектирање. Поради своите карактеристики се апсорбира во капиларите на ѕидовите, каде што создава водоотпорен слој и го штити ѕидот од навлегување на влага.

Потрошувачка: 8–10 l/m за ѕид со дебелина од 50 cm
Пакување: 10 kg

CEMENTOL Hidrofob Е

Средство за згуснување кое се користи при изработка на малтер, гипс и инјекциони маси. Го намалува капиларното впивање на влага и излачувањето на соли. Одличен е за санација на стари објекти, цементни, цементно-варовен и варовен малтер/гипс.

Потрошувачка: 2,5 – 7,5 dl нa 25 kg цемент (1–3% на маса цемент)
Пакување: 3 kg

CEMENTOL Omega P

Забрзувач на врзувањето за ѕидање на ниски температури. Не содржи хлориди и не штети на арматурата.

Потрошувачка: 1 kg зa 25 kg цемент но врзувач (1–3% на маса цемент или врзувач)
Пакување: 1 kg, 5 kg