Stock status
MAXIMO® WB Parquet Filler Маса за фугирање на паркет
MAXIMO WB Parquet Filler е дисперзија на акрилни врзувачи во смола наменета за пополнување на фуги во паркет и дрвени подови, пополнување на пукнатини и израмнување на мали вдлабнатини, со ширина до 2mm. Скоро и да нема мирис, брзо се суши и лесно се шмиргла.
1 l, 5 l
Потрошувачка: ≈ 10 m2/L, за дебелина на слој до 2mm, во зависност од квалитетот на површината, техниката и начинот на нанесување.
MAXIMO® WB 1К Полиуретански завршен лак за паркет
Eдно-компонентен, завршен лак за паркет на база на полиуретански врзувачи и специјални адитиви дисперзирани во вода. Наменет е за заштита и декорација на паркет (ламелен, класичен, мозаик) и други дрвени подни површини во ентериерот. Се одликува со екстремна отпорност на абење, висока цврстина, одлична адхезија и не пожолтува. Отпорен е на благи хемикалии и лесно се одржува. Производот е безбоен и скоро и без мирис. Производите можат да бидат мат, полумат и сјајни.
1 l, 5 l
Потрошувачка: 8-10 m2/L, за еден слој, во зависност од квалитетот на површината, техниката и начинот на нанесување.
MAXIMO® WB 2К Полиуретански завршен лак за паркет
Дво-компонентен, завршен лак на база на полиуретански врзувачи и специјални адитиви дисперзирани во вода. Наменет е за заштита и декорација на паркет (ламелен, класичен, мозаик) и други дрвени подни површини во ентериерот. Се одликува со екстремна отпорност на абење, исклучителна цврстина одлична адхезија и не пожолтува. Отпорен е на благи хемикалии и лесно се одржува. Производот е безбоен и скоро и без мирис. Производите можат да бидат мат, полумат и сјајни.
0.9 l, 4.5 l (Ком. А) + 0.09 l, 0.45 l (Ком.Б)
Потрошувачка: 8-10 m2/L, за еден слој, во зависност од квалитетот на површината, техниката и начинот на нанесување.
MAXIKOL® PU Primer Еднокомпонентен полиуретански прајмер
MAXIKOL PU Primer е високо квалитетен еднокомпонентен полиуретански прајмер. Сe користи како основен премаз за зацврнување на кошулицата, како и за системите со подно греање, пред нанесувањето на MAXIKOL PU лепилото. Може да се користи кај впивачки и невпивачки подлоги, кај кои содржината на влагата е помалку од 3.5%. Длабоко навлегува во впивачките површини, ја подобрува адхезијата на лепакот и ја намалува впивливоста на подлогата.
1 l, 4 l
Потрошувачка: 00-300 ml/m², во зависност од рапавоста и впивливоста на подлогата и начинот на нанесување.
MAXIKOL® PU 610 2К Полиуретански лепак
MAXIKOL PU 610 e високо квалитетен, двокомпонентен лепак на база на полиуретан, полнило и адитиви. Се користи за лепење на сите врсти на паркети, дрвени подни облоги и ламинати. Може да се аплицира на впивливи и невпивливи подлоги, каде содржината на влагата не преоѓа над 2%. Се одликува со добра адхезија и флексибилност, и поради тоа може да се користи и кај системите со подно греање.
9 kg (Ком. А) + 1.5 kg (Ком.Б)
Потрошувачка: 0.8-2.0 kg/m², во зависност од спремноста на подлогата и начинот на нанесување.
MAXIKOL® КР Лепило за класичен паркет
MAXIKOL KP се употребува за лепење на сите класични паркети и сите дрвени префабриканти од ситен формат за бетонски, дрвени и слични подлоги.
1 kg, 5 kg, 8 kg, 25 kg
Потрошувачка: 0.8-2.0 kg/m², во зависност од спремноста на подлогата и начинот на нанесување.
MAXIFIX® D1 Лепило за дрво
Се користи во индустрија за мебел, за монтажа и површинско лепење, во производство на панел-плочи, за лепење на иверки или останати дрвени површини.
1 kg, 7 kg, 20 kg
Потрошувачка: Од 0.15-0.2 kg/m².
MAXIFIX® D5 Лепило за тврдо дрво
Се користи во индустрија за мебел, за должинско и ширинско спојување на меко и тврдо дрво (посебна препорака), лепење на столици, односно секаде каде е потребно да се постигне голема цврстина на залепените споеви.
0.2 kg, 1 kg, 7 kg, 20 kg
Потрошувачка: Од 0.15-0.2 kg/m².
MAXIFIX® D3 Водоотпорно лепило за дрво
Се користи за лепење на дрво, при изработка на фасадната столарија, за спојување на некои типови на подови, изработка на ламелирани профили, односно за сите должински и ширински спојувања на дрвени површини кои се изложени на зголемена влажност и краткотрајно влијание на водата.
0.2 kg, 1 kg, 7 kg, 20 kg
Потрошувачка: Од 0.15-0.2 kg/m².
ROYAL – Основен паркет лак
Основниот паркет лак е еднокомпонентна облога за основна заштита на паркетните површини. Се користи за подготовка на паркет и други дрвени подни елементи во внатрешноста пред нанесување на Royal Parquet завршен паркет лак. Не ја менува бојата на дрвото, совршено ја исполнува подлогата, лесно се бруси, нема непријатен мирис, еколошки.
1 l, 5 l
Потрошувачка: 9-11 m² во еден слој или 90-120 g/ m².
ROYAL – 1К Завршен паркет лак мат/сјај
Лакот за завршна обработка на паркет е еднокомпонентен лак на база на вода, без мирис, кој се користи за фино завршување на паркетните површини. Лесно се нанесува и одлично се шири, висока еластичност, отпорност на абење, лесно одржување.
1 l, 5 l
Потрошувачка: 9-11 m²/l за еден слој
ROYAL – Еко маса за фугирање
Еколошка маса на база на вода за фугирање на паркет со благ мирис. Масата се користи измешана со прашина настаната од брусење паркет, чија употреба и дава на површината мек и рамен изглед. Може да се користи под лаковите за паркет на база на вода Royal Parquet. Лесно се нанесува на површината на паркетот, кратко време на сушење, го забрзува процесот на брусење и лакирање на паркетот, ја намалува потрошувачката на основен/краен паркет лак, без непријатни мириси.
1 l, 5 l