Се за вашата керамика

CERESIT CM9

CERESIT CM9 е високостабилен лепак за впивачки плочки каде што максимална должина на страна на плочка е 30cm. Лепакот се одликува со одлична обработливост и висока стабилност. Може да се нанесува со дебелина до 10mm

Пакување – 25кг

CERESIT CN69

CERESIT CN69 е самонивелирачка подна маса збогатена со Fibre Force влакна. Се користи за израмнување на средно оптеретени површини и дебелина од 2-10мм. Се применува за израмнување на бетонски подови, цементни и анхидрантни подлоги како и за пред поставување на керамички плочки и ламинат. Погодна е за простории со подно греење, се користи само за внатрешна употреба.

Пакување – вреќа од 25 кг.

CERESIT CN94

CERESIT CN94 е специјален прајмер за подобрување на адхезија на самонивелирачки маси, репаратурни малтери, лепила за плочки на проблематични површини. Се користи како прајмер за ,,плочка на плочка’’, обоени и необоени дрвени подлоги, за впивачки и невпивачки подлоги. Се карактеризира со висока моќ на врзување и брзо сушење. Може да се користи внатре и надвор.

Пакување – 1 л.

CERESIT CM16

CERESIT CM16 е флексибилен лепак за плочки со максимална должина на најдолгата страна на плочката до 80cm. Лепакот е збогатен со Fiber force силикатни влакна, се одликува со висока флексибилност и силна моќ на лепење. Се користи за лепење ,,плочка на плочка’’, грес плочки, природен камен, системи со подно греење како и за поставуање на плочки на гипсани табли. Може да се користи и во влажни простории.

Пакување – 25 кг.

CERESIT CT19

CERESIT CT19 е специјален основен премаз (бетонконтакт) за подобрување на лепливоста на проблематични површини. Одличен е за лепење на керамика на гипс картонски и OSB табли, за стари подлоги со остатоци на лепак, за впивачки и невпивачки подлоги.

Пакување – 5 кг.

CERESIT CL50

CERESIT CL50 е двокомпонентен флексибилен премаз наменет за хидроизолација нпод керамички плочки во влажни простории како што се купатила, туш кабини, јавни тоалети и јавни простории со подна дренажа. Погоден е за внатрешна и надворешна употреба како и за премостување на микропукнатини. Посебно е погоден за хидроизолирање на површини врз кои се очекува брзо поставување на плочки (после 5 часа). Може да се користи за изолација на базени со длабочина до 5м, системи со подно греење.

Пакување – 12,5 кг.

CERESIT CL51

CERESIT CL51 е еднокомпонентна хидроизолација за нанесување под керамички плочки во влажни и мокри простории (купатила, туш кабини, кујни, јавни тоалети) Се користи исклучиво за внатрешни простории. Премазот е водонепропусен, може да премостува пукнатини и може да се користи за системи со подно греење. Премазот е подготвен за употреба, не е потребно никакво мешање ниту додавање на друга смеса.

Пакување – 5 кг и 15 кг.

CERESIT CL152

CERESIT CL152 е еластична заптивна трака со ширина од 12 cm за заштита на хидроизолацијата под керамичките плочки. Се поставува на и околу проблематичните елементи како што се: сливници, цевки, внатрешни и надворешни агли. Се одликува со висока флексибилност, водоотпорности и долготрајност како и отпорност на кинење. Се користи во комбинација со хидроизолациските премази CL50 или CL. Може да се користи внатре и надвор.

Пакување – 10 м и 50 м.

CERESIT CT10

CERESIT CT10 е водоодбивно средство импрегнација на керамички и бетонски површини. Штити од апсорпција на вода на впивачки оштетени површини (максимална ширина на пукнатина до 0,2 мм). Се одликува со брзо сушење (2-6 h), не ја менува структурата и бојата на површините, штити од појава на габи и мувла и може да се користи внатре и надвор.

Пакување 1 л.

CERESIT CM11

CERESIT CM11 е тенкослоен лепак за керамички и грес плочки со максимална должина на најдолга страна на плочката до 50cm. Отпорен е на температурни разлики и влага, одлично се обработува, не дозволува лизгање на плочките. Може да се користи за лепење на хоризонтални и вертикални површини, внатре и надвор.

Пакување – 25 кг.

CERESIT CM17

CERESIT CM17 е високофлексибилен лепак за плочки збогатен со Fibre Force силикатни влакна. Се користи за лепење на плочки со максимална должина на најдолгата страна на плочката до 120 cm. Одличен е за лепење на невпивачка керамика (стаклен мозаик), балкони, тераси, базени, обложување на фасади со керамика, мермер, гранит, травертин, глазирани плочки како и за поставување на керамички и грес плочки со впивливост помала од 0,5%. Поради високата еластичност (класа C2TES1) може да се користи за високо деформабилни и сложени подлоги како и за системи со подно греење.

Пакување – 25 кг.

CERESIT CE40

CERESIT CE40 e висококвалитетна цементна фуга за плочки со одлична водоодбивност и флексибилност. Се карактеризира со зголемена отпорност на пукнатини и гребење, висока отпорнот на појава на мувла, оптимизирано време на сушење. Може да се користи за отворени и затворени простории за фуги со дебелина од 1мм до 8мм. Неменета е за фугирање на керамички, стаклени, камени плочки, мермер, облоги од природен камен. Погодна е за влажни простории, балкони, тераси и системи со подно греење.

Пакување 2 кг и 5 кг.