Stock status
7979 Siasponge flat
Лист 115mm х 140mm х 5mm
Абразивен сунѓер кој може да се користи за мокро и суво брусење на тешко достапни места. Високоеластичен е и лесно се прилагодува на сложени контури, кривини и профили-поради што обезбедува висок квалитет дури и завршен изглед. Гранулатниот слој тешко се зачепува поради 3D својствата на пената, видот на врзивото и гранулацијата.
ПРИМЕНА: Автомобилска индустрија
Апликација:
Брусење на дрво и пластика
Брусење на конвенционални или нови лакови, прајмер филери и бои
Фино брусење на филери на тешко достапни места
Израмнување на филери
Средно фино брусење на лакови
Т8426 Јагнешко крзно за полирање на бои
Боја: бела.
Сунѓер Ø170mm
Сунѓер Ø80mm
Т8427 Foam Pad Soft Сунѓерест диск за полирање на бои
Боја: жолта.
Сунѓер Ø170mm
Сунѓер Ø80mm
6120 Siafleece
Ролна 115mm х 140mm х 5mm
Диск Ø407mm
Абразивен материјал кој се користи дури и за завршни обработки, рачни или со помош на преносни машини. Може да се употреби при суво или влажно брусење. Импресионира со својата висока усогласеност, конзистентност како и перформанси во текот на долготрајна примена. Има мала тенденција на затнување и постојан висок квалитет на површината. Флексибилен и лесно прилагодлив на различни контури. Има тродимензионална гранулатна структура. Се одликува со отпорност на алкалии или растворувачи, тешко запалив и е безбедна алтернатива на челичната волна.
ПРИМЕНА:
- Градежништво
- Универзална примена
Апликација:
Отстранување на корозија и обезбојувања;
Брусење на паркет
Брусење на метални површини за подобро впивање на средствата против корозија
Фино пескарење на бетонски површини и дрвени влезни врати
1913 Siawat
Лист 230x280mm / 140x230mm
Мини Диск Ø80mm
Водечки абразивен производ кој нуди одлични резултати при суви или мокри услови на брусење. Се одликува со способност за отстранување на големи наслаги, долг век на примена, водоотпорност и еластичност. Висока прилагодливост на разновидни форми и контури. Со години претставува водечки абразивен производ на пазарот за мокро брусење. Постигнува одличен ефект на рамномерно брусењe.
ПРИМЕНА:
- Автомобилска индустрија
- Авионска индустрија
- Индустрија за мебел
- Градежништво
Апликација:
Брусење на премази и нечистотии
Брусење на нерамнини настанати на рабови на репарираните површини
Израмнување на филери и прајмери
Фино и средно фино брусење на прајмери, филери и лакови
Отстранување на дефектни бои, ефект “кора од портокал” и насоберена прашина
Подготовка за полирање на високо сјајни површини
7241 Siacarbon
Диск Ø150mm
Диск Ø80mm
Идеален производ наменет за мокро или суво машинска брусење на многу цврсти површини. Постигнува одлични резултати кога се брусат лакови, композитни материјали, нови делови, фабрички прајмери и алуминиум доколку се екстремно отпорни на гребење при што потрошувачка на материјалот е намалена. Има извонредни перформанси на изразито цврсти подлоги. Долг век на употреба благодарение на најсовремена дијамантска техонолгија. Ја всисува прашината од целата површина. Минимален ризик при брусење на рабови.
ПРИМЕНА:
- Автомобилска индустрија
- Авионска индустрија
Апликација:
Брусење и отсекување на премази отпорни на гребнатини, системи како и композитни материјали
Отсекување на нови компоненти или фабрички прајмери
Отсекување на алуминиум
7940 Siaair
Лист 115mm х 140mm
Мини Диск Ø80mm
Абразивен материјал кој се користи за создавање на перфектен финиш кога се обработува лак или минерална површина. 7940 Siaair има клучна технологија со која се постигнува перфектна обработка во влажни или суви услови, без разлика дали се работи за фино брусење, подготовка за полирање или извлекување. Освен што дава извонреден финиш може да бруси големи наслаги. Независно од постапката тешко се затнува гранулатниот слој. Високо прилагодлива на разни контури, форми и профили. Поради пенестата подлога го амортизира притисокот кој е применет при обработка. Перив, отпорен на вода и силиконски растворувачи.
ПРИМЕНА:
- Автомобилска индустрија
- Авионска индустрија
Апликација:
Мат финиш на коневнционални стари или нови премази на лак и композитни материјали
Фино брусење на прајмери и филери на тешко достапни области
Подготовка за полирање на високо сјајни површини
Создавање на мат финиш
1950 Siaspeed
Диск Ø150mm, 15 отвори
Диск Ø407mm
1950 Siaspeed
Серија на абразивни производи за перфектно финиширање со голема брзина. Специјално дизајниран абразивен производ со исклучиво кружен формат наменет за отстранување на насоберени големи наслаги од нечистотија. Се добива перфектно квалитетна површина и може да се користи долго време со што се смалува потрошувачката. Се одликува со минимално зачепување на гранулатниот слој благодарение на отворената гранулатна структура.
ПРИМЕНА:
- Автомобилска индустрија
- Авионска индустрија
Апликација:
Брусење на премази и нечистотии
Брусење на нерамнини настанати на рабови на репарираните површини
Израмнување на филери, композитни материјали и прајмери
Отсекување на стари и нови премази на лак, полиестер и композит
Брусење на флеки од корозија
Обликување на боди филери и прајмер филери
1948 Siaflex
Ролна 50m
Диск Ø150mm
Серија 1948 Siaflex
Флексибилен абразивен материјал со извонредно широк спектар на употреба при суви или мокри услови на брусење. 1948 SIA Flex дава одлични резултати во скоро сите расположливи гранулации и во повеќе разновидни автомобилски апликации. Поради својата еластичност лесно се прилагодува на разни контури и форми, и е доволно моќна да отстрани многу големи наноси. Се карактеризира со минимално затнување на површинскиот гранулатен слој благодарение на отворената структура. Направена е од материјал со многу долг век на употреба. Погоден е за брусење на производи кои имаат кружна или комплексна форма.
ПРИМЕНА:
- Автомобилска индустрија
- Авионска индустрија
Апликација:
Брусење на премази и нечистотии
Брусење на нерамнини настанати на рабови на репарираните површини
Измазнување на филери и прајмери
Фино брусење на прајмери
Отстранување на стари бои и нови премази на лак
Отстранување на ефектот т.н. “кора од портокал” и насоберени нечистотии
1707 Siapar
Диск Ø150mm
Диск Ø178mm
Диск Ø407mm
Ролна 25m
Ролна 50m
Абразивен материјал кој дава максимални перформанси за време на тешки процеси на ротационо брусење на гипс картон, камен или премази на стара боја. Кога се работи за брусење на гипс картон, камен, бетон, стари бои, дрвени подлоги итн. 1707 siapar има што да понуди: долготрајност, високи перформанси дури и при тешки апликации. Идеален материјал наменет за ротационо брусење.
ПРИМЕНА:
- Индустрија за мебел
- Обработка на паркет
- Градежништво
Апликација:
Брусење на гипс, камен и бетон
Брусење на бои, лак (стар премаз) и подни заптивни маси
Споеви кај масивно дрво
Споеви кај изолаторски плочи
2812 Siaral
Бесконечна трака 200x550mm
Бесконечна трака 200x750mm
Бесконечна трака 250x750mm
Бесконечна трака 300x800mm
Серија 2812 Siaral
Абразивни материјали за професионална обработка на рабови, споеви кај масивно дрво и паркет. Како специјален производ за обработка на масивно дрво, лепени дрвени панели или паркет, 2812 siaral х со својата робустна подлога, платнената подлога и ориентација дава извонредни резултати при брусењето. Се препорачува за процеси кои траат подолго време, поради робустната подлога и распоредот на абразивните зрна кои му даваат на материјалот долготрајна издржливост – посебно при обработка на тврдо дрво каде дава екстремно високи перформанси.
ПРИМЕНА:
- Индустрија за мебел
- Обработка на паркет
- Градежништво
Апликација:
Измазнување на јазли и останати нерамнини кај дрвени површини
Израмнување на рабови
Брусење на плочи изработени од дрвени материјали или тврдо дрво
Грубо и средно фино брусење при производство на паркет или шпер плочи
Грубо брусење при производство на ламелирани панели од тврдо дрво