Абразиви за секоја индустрија

Smirdex 975 Smirdex 100gr

контролна пудра е одлично и ефикасно решение за обработка на обоени површини. Со нанесување на еден слој, се истакнуваат сите несовршености и недостатоци на површината. Обработката станува побрза, полесна и поефикасна.

Пакување: 5л, 10л и 15л

Диск (Ø) 150mm, без отвори

Серија 355 Marble

Серија 355 е идеално решение за брусење на мермер. Зрнцата на силициум карбид значајно придонесуваат за рамномерно брусење. Производите овозможуваат многу брзо брусење и долготрајност. Тешката антистатичка хартија е погодна да издржи висок притисок применет при работа и да спречи да дојде до запушување.

ПРИМЕНА:

Мермер

Ролна h200mm х 25m

Серија 350 Dural

Идеален производ за брусење на подлоги на автомобили, дрво или фурнир кои се прекриени со кит маса, лак или основни премази. Специјалниот стеаратен премаз го спречува затнувањето и ја зголемува трајноста на производот. Абрасофтот со сунѓерестиот слој на задната страна се идеални за рачно брусење на површини со вдлабнувања, облини, агли и ел. Може да се користи делумно и за мокро брусење.

ПРИМЕНА:

  • Тврдо дрво
  • Паркет
  • Градежништво

Ролна h600mm х 25m

Серија 330 Duroflex

Висококвалитетни абразивни материјали идеални за брусење на дрвени подови, мебел, дрвени врати и други површини од секаков вид на дрво. Тешка, антистатичка хартија која во текот на обработувањето може да издржи притисок и оптеретување без да дојде до затнување на завршниот слој.

ПРИМЕНА:

  • Дрво
  • Метал

Лист 230 х 280mm

Серија 650 J-flex

Серијата 650 J-Flex се состои од абразиви со платнена подлога наменети за брусење на метал и тврдо дрво. Флексибилното памучно платно обезбедува одлична издржливост и лесна прилагодливост на закривени површини. Полуотворената структура на специјално обработените зрна на ALOX делува катализаторски и дава одлична ефективност.

ПРИМЕНА:

  • Дрво
  • Метал

Ролна h115mm х 50m

Серија 650 J-flex

Серијата 650 J-Flex се состои од абразиви со платнена подлога наменети за брусење на метал и тврдо дрво. Флексибилното памучно платно обезбедува одлична издржливост и лесна прилагодливост на закривени површини. Полуотворената структура на специјално обработените зрна на ALOX делува катализаторски и дава одлична ефективност.

ПРИМЕНА:

  • Дрво
  • Метал

925 Scotch-Brite

Ролна 115mm х 10m
Лист 150mm х 230mm
Диск (Ø) 150mm, без отвори

Серија 925 Scotch-Brite

Серија 925 се состои од неткаен абразив во вид на ролна, диск или лист, кој има голема ефикасност и доследна обработка. Специјално дизајнирана 3-димензионална површина на неткаениот материјал го го зголемува униформниот контакт со површините кои се работат, обезбедувајќи одличен завршен резултат, удобност но и сигурност во работата.

ПРИМЕНА:

  • Автомобилска индустрија
  • Индустрија за мебел
  • Градежништво

Перфорирана ролна со сунѓер h115mm х 25m

Серија 135ѕр Abrasoft

Идеално решение за брусење на подлоги на автомобили, дрво или фурнир кои се прекриени со кит маса, лак или основни премази. Специјалниот стеаратен премаз го спречува затнувањето и ја зголемува трајноста на производот. Абрасофт има сунѓерестиот слој на задната страна така што е идеален за рачно брусење на површини со вдлабнувања, облини, агли и ел. Може да се користи делумно за мокро брусење, поради водоотпорност на слојот од сунѓер.

ПРИМЕНА:

  • Автомобилска индустрија
  • Индустрија за мебел
  • Градежништво

ZX-635 Бесконечна трака, ролна h200mm х 25

Серија ZX-635

Линија на абразивни производи наменети за брусење на цврсти дрвени површини, паркет и посебно метал. Екстра цврстата памучна облога, обезбедува извонредна издржливост, додека пак завршниот слој од циркониум-алуминските зрна одлично се однесува при обработување на метални структури. Брзината на брусење со овој тип на производи која се должи на зрната од циркониум алумина е клучната особина за нивните целокупните перформанси.

ПРИМЕНА:

  • Тврдо дрво
  • Паркет
  • Метал

Лист 230 х 280mm

Серија 275

Се користи за водено или суво брусење на дрвени површини или автомобили, како и површини покриени со кит маса, основни премази или лак. Особено се препорачува за брусење на лакирани и специфични површини поради високата елстичност која се должи на содржината на латекс од 30%.

ПРИМЕНА:

  • Автомобилска индустрија
  • Индустрија за мебел
  • Градежништво

Листови 230 х 280mm

Серија 270

Висококвалитетна, водоотпорна хартија која најчесто се употребува за брусење на лакираните површини при репарирање на автомобилски каросерии. Погодна е за брусење на тешко достапни и закривени делови поради високата еластичност која се должи на 30% латекс. Специјално се препорачува за отстранување на ефектот “кора од портокал” како и за чистење и репарација на фаровите.

ПРИМЕНА:

  • Автомобилска индустрија
  • Обработка на камен и мермер
  • Градежништво

Серија 820 Yellow line

VELCRO Диск Ø 150mm, со 7 отвори
VELCRO Диск Ø 125mm, без отвор

Серија 820

Жолтата серија 820 содржи производи кои имаат одлични абразивни перформанси. Фокусирани се на репарација на бродови и автомобили па поради тоа се одлични при брусење на површини премачкани со основни премази, кит маси или лак. Освен тоа погодни се и за обработка на дрво во индустрија за мебел. Отворената структура на облогата како и стеаратниот премаз им дава можност за долготрајна употреба, а брзата обработка и високата ефикасност се должи на специјално обработените зрна на алуминиум оксидот.

ПРИМЕНА:

  • Автомобилска индустрија
  • Бродоградитепна индустрија
  • Индустрија за мебел
  • Градежништво