Акрилни смеси за заптивање

ТЕКАDОМ Firestop

За заптивање на помалку оптеретени дилатациони фуги и пробои во градежништво во случаи кои бараат огноотпорност. За спојки меѓу прозорските рамки, врати, гипс плочи и бетонски елементи, меѓу полиците и ѕидот како и куќиштето за ролетни. Одлична адхезија на порозни материјали. Спречува ширење на оган, чад и гасови. Може да се користи за заптивање на влажни површини. Може да се бои. Отпорна е на атмосферски влијанија, сончева светлина и стареење. Не содржи растворувачи.

Формирање на кора: ≈ 15минути (23°C/50% рел. влажност)
Температура на нанесување: oд +5°C дo +40°C
Тврдост: 35 ± 3 (ISO 868)
Температурна постојаност: oд -20°C дo +75°C

Картуша: 300 ml
Црево: 600 ml

ТЕКАDОМ Waterproof Coating

За едноставно санирање при истекување и исполнување на пукнатини на различни површини. Погодна е за тераси, балкони, огради, покриви и за рабови околу оџаци. Одлична адхезија на сите површини (и мокри и масни) – алуминиум, цинк, олово, стакло, камен, асфалт, битумен, тврд PVC, ќерамиди, дрво итн. Високоеластична, може да се фарба. Зацврстувањето со влакна овозможува исполнување на пукнатини и на дупчиња до 5 mm ширина. Отпорна е на дожд, снег и на високи температури.

Температура на нанесување: oд +5°C дo +35°C
Температурна постојаност: oд -25°C дo +100°C

Доза: 300 ml

ТЕКАDОМ Hydroblocker Superelastic

За запечатување и хидроизолација хоризонтални и вертикални површини, разни истекувања, пукнатини на покривите и во ѕидовите, заштита на дрвените конструкции, заптивање на жлебови, манжетни за цевки, покривни прозорци, куполи, разни пробои или рабови околу оџаци. Има одлична адхезија на повеќе материјали и кратко време на сушење. Отпорна на разредени хемикалии и УВ зраци. Не содржи растворувачи, може да се фарба. Сетот содржи и 0, 4 m² филц.

Формирање на кора: ≈ 25 минути (23°C/50% рел. влажност)
Температура на нанесување: oд +5°C дo +40°C
Тврдост: 8 ± 3 (ISO 868)
Температурна постојаност: oд -40°C дo +90°C

Картуша: 290 ml
Доза: 0,7 kg, 5 kg
AЛУ вреќa: 7 kg

ТЕКАDОМ 1200°С

За заптивање и поправки каде што се бара висока температурна постојаност (до 1200°С) и огноотпорност. Погодна е за печки, оџаци, шпорети и за заптивање околу цевките. По стврднувањето масата не е еластична. Одговара на нормата REI 120/180 и не содржи азбест. Одлична адхезија на повеќе градежни материјали (бетон, алуминиум, шамотна цигла стакло, челик, железо). Спречува ширење на оган, чад и гасови.

Tемпература на нанесување: oд +5°C дo +35°C
Температурна постојаност: oд -20°C дo +1200°C

Картуша: 300 ml

ТЕКАDОМ Waterproof Sealant

За брзи поправки при истекување и исполнување на пукнатини во сите временски услови. Одлична адхезија готово на сите површини, вклучувајќи и битумен, асфалт и повеќето пластики. Запечатува суви, мокри и масни површини. Високо еластична и отпорна на мувла. Може да се бои веќе по 24 часа.

Формирање на кора: ≈ 15 минути (23°C/50% отн. влажност)
Температура на нанесување: oд +5°C дo +40°C
Тврдост: 25 ± 5 (ISO 868)
Температурна постојаност: oд -25°C дo +100°C

Картуша: 300 ml

ТЕКАDОМ Bitumen

За лепење и заптивање на покриви. Погодна е за брзо поправање на пукнатини, дупки или фрактури на покривите, како и за пукнатини во битуменската лепенка. Се одликува со многу добра адхезија на бројни подлоги (лим, алуминиум, бакар, месинг, керамика, бетон, ѕид, гипс, цигла, покривни материјали итн.), вклучувајќи и мокри. Отпорна е на сите временски услови, екстремни температури, УВ зраци и стареење.

Формирање на кора: ≈ 15минути (23°C/50% рел. влажност)
Температура на нанесување: oд +5°C дo +35°C
Тврдост: 13 ± 3 (ISO 868)
Температурна постојаност: oд -30°C дo +80°C

Картуша: 300 ml

ТЕКАDОМ Acryl Profi

За заптивање на порозни градежни материјали изложени на поголеми оптеретувања. Поднесува дилатација до 20%. Се користи за заптивање на спојки меѓу прозорските рамки, врати, гипс-плочи и бетонски елементи. Погодна е и за поправки и исполнување на пукнатини во малтерот и ѕидовите. Може да се бои. Во вертикалните фуги не се лизга. Отпорна е на атмосферски влијанија, сончева светлина и стареење.

Формирање на кора: ≈ 15 минути (23°C/50% рел. влажност)
Температура на нанесување: oд +5°C дo +40°C
Тврдост: 22 ± 3 (ISO 868)
Температурна постојаност: oд -20°C дo +75°C

Картуша: 300 ml
Црево: 600 ml

ТЕКАDОМ Acryl Rough

За поправање и исполнување на пукнатини и дупки во гипс и ѕидови пред малтерисување. Грубиот состав на масата обезбедува одлична адхезија на порозните материјали. Може да се бои. Во вертикалните фуги не се лизга. Отпорна е на атмосферски влијанија, сончева светлина и стареење.

Формирање на кора: 10–20 минути (23°C/50% рел. влажност)
Температура на нанесување: oд +5°C дo +40°C
Тврдост: 30 ± 3 (ISO 868)
Температурна постојаност: oд -20°C дo +75°C

Картуша: 300 ml
Црево: 600 ml

ТЕКАDОМ Acrylflex

Пласто-еластична повеќенаменска, маса за еластично фугирање и заптивање во влажни простории. Одлична адхезија на различни материјали (бетон, дрво, гипс, керамички, PVC плочки, гипс плочи, стакло, алуминиум, метали). Високо еластична и отпорна на мувла. Може да се бои. Отпорна е на атмосферски влијанија, сончева светлина и стареење. Не содржи растворувачи.

Формирање на кора: ≈ 25 минути (23°C/50% рел. влажност)
Температура на нанесување: oд +5°C дo +40°C
Тврдост: 23 ± 3 (ISO 868)
Температурна постојаност: oд -20°C дo +75°C

Картуша: 300 ml

ТЕКАDОМ Acryl

За заптивање на порозни градежни материјали. Поднесува дилатација до 15%. Се користи за заптивање на спојки меѓу прозорски рамки врати, гипс плочи и бетонски елементи. Погодна е за поправки и исполнување на пукнатини во малтерот и ѕидовите. Одлична адхезија на порозни материјали. Може да се бои. Во вертикалните фуги не се лизга. Отпорна е на атмосферски влијанија, сончева светлина и стареење. Не содржи растворувачи.

Формирање на кора: ≈ 15 минути (23°C/50% рел. влажност)
Температура на нанесување: oд +5°Cдo +40°C
Тврдост: 22 ± 3 (ISO 868)
Температурна постојаност: oд -20°C дo +75°C

Картуша: 300 ml
Црево: 600 ml

ТЕКАDОМ Acryl Universal

За заптивање на порозни градежни материјали (може и влажни), кои се изложени на помали оптеретувања (меѓупрозорски рамки и врати). Исто така, погодна е за поправки на помали пукнатини во ѕидовите. Одлична адхезија на порозни материјали. Може да се бои. Не се лизга во вертикални фуги. Отпорна е на атмосферски влијанија, сончева светлина и стареење. Не содржи растворувачи.

Формирање на кора: ≈ 15 минути (23°C/50% рел. влажност)
Температура на нанесување: oд +5°C дo +40°C
Тврдост: 25 ± 3 (ISO 868)
Температурна постојаност: oд -20°C дo +75°C

Картуша: 280 ml

ТЕКАDОМ Parquet

За завршни работи во паркетарството. Ги исполнува и запечатува фугите меѓу дрвени облоги, лајсните, ѕидот и праговите. Погодна е за исполнување на помали пукнатини во паркетот и при поправка на мебел. Одлична адхезија на лакирани и нелакирани порозни материјали. Може да се бруси и бои, може да се нанесува на влажни површини. Не се лизга во вертикалните фуги. Има висока конечна тврдост. Не содржи растворувачи. Отпорна е на временски влијанија, сончева светлина и стареење.

Формирање на кора: ≈ 15 минути (23°C/50% рел. влажност)
Температура на нанесување: oд +5°C дo +40°C
Тврдост: 50 ± 3 (ISO 868)
Температурна постојаност: oд -20°C дo +75°C

Картуша: 300 ml