Stock status
TEКAPURSIL S
Отстранувач на стврднат силикон од стакло, бетон, емајл, плочки, дрво, пластика, цигли, гипс и повеќето текстили. Се користи и за отстранување на мувла од старите фуги. Овозможува едноставна апликација и многу брзо делува.
Пакување: 110 ml
SMOOTHING Agent
Средство за измазнување кое овозможува лесно, прецизно и чисто измазнување на површините при нанесување на различни заптивачки маси. Погодно е за силиконски, полиуретански и запечатувачки маси кои се на база на хибридни полимери. Овозможува едноставно замазнување на нанесените запечатувачки маси и обликување на спојки/перфектни фуги. Спречува лепење на смесите на глетарката и на останатите алати.
Пакување: 1 l, 5 l
ТЕКАРRОТЕКТ PR-S
Додаток за заштита на бетонските површини и производи (како на печатен бетон, плочи за обложување, столбови, огради…) од атмосферски влијанија и абење. Одличен е за декоративни и боени производи од бетон, на кои покрај заштитата им дава и сјај.
Потрошувачка: 30 m² (3 kg); 100 m² (10 kg)
Пакување: 3 kg, 10 kg
ТЕКАМАL Hidroizol N
Водонепропустлив премаз за хидроизолација на влажни ѕидови, подрумски простории, резервоари за вода… Со својата фина зрнеста структура и со добрата адхезија на подлогата и нуди одлична заштита пред се во влажните простории.
Потрошувачка: 7 kg зa 2 m² при нанесување на 2 слоја, 25 kg зa 7 m² при нанесување на 2 слоја
Пакување: 7 kg, 25 kg
ТЕКАМАL Hidroizol Ѕ
Водонепропустлив премаз за хидроизолација на влажни ѕидови, подрумски простории, резервоари за вода за пиење, базени, тераси, балкони… Неговата еластична структура овозможува ефикасен резултат на површини кои се изложени на поголеми термички, механички и хемиски оптеретувања.
Потрошувачка: 7 kg зa 2 m² при нанесување на 2 слоја, 25 kg зa 7 m² при нанесување на 2 слоја
Пакување: 7 kg, 25 kg
ТЕКАМАL Hidroizol EL
Водонепропустлив премаз за хидроизолација на влажни површини (акумулациони базени за вода за пиење, базени, тераси, балкони…). Посебно се препорачува за базени, купатила и туш кабини пред лепење на плочки. Овозможува санација на испуканиот бетон.
Потрошувачка: 8 kg зa 2,5 m² (околу 1,4 kg/m²/mm)
Пакување: 5 kg (ком.А), 3 kg (ком.Б)
ТЕКАМАL Rapid
Брзоврзувачки маптер кој се користи за моментално запирање на навлегувањето на вода. Одличен е за брзи санации, сидрење и фиксирање (на рамки на прозорци, врати, инсталации), како и во сите случаи во кои што е потребно брзо постигнување на почетна тврдост на малтерот.
Потрошувачка: 1 kg зa 0,6 l свеж малтер, 5 kg зa 3,0 l свеж малтер
Пакување: 1 kg, 5 kg