Stock status
TEКAFIX МЅ Marine Deck Bonding
За лепење на тиковина и на останати подни и ѕидни плочки, прегради и потпирачи на палубата и под палубата. Одлична адхезија на тиковина, метал, вештачки маси, разни премази… Отпорен е на морска вода, УВ зрачење, екстремни температури и различни хемикалии. Хемиски е неутрално и еластично лепило кое не остава дамки, не е штетно за околината, не предизвикува корозија и може да се бои.
Формирање на кора: ≈ 30 минути (23°C/50% рел. влажност)
Време на стврднување: 2 mm/ден (23°C/50% рел. влажност
Температура на нанесување: oд +5°C дo +30°C
Тврдост: 50 ± 5 (ISO 868)
Температура на постојаност: oд -40°C дo +90°C
Картуша:290ml
Црево:600ml
TEКAFIX Anchor РЕ-1
За лепење на средно оптеретени сидра во камен, бетон, лесен бетон и цигли. Погодно е како лепило за дрвени/метални конструкции, конзоли, огради, санитарни приклучоци и цевки. Исклучително добра адхезија на сите градежни материјали. Брзо се стврднува и може да се користи и при ниски температури. Може да се нанесува во хоризонтален но и во вертикален правец.
Температура при вградување: -10* | -5* | 5 | 15 | 25 | 35
Време на врзување: 50 | 40 | 20 | 9 | 5 | 3
Потребно време за стврднување: 240 | 180 | 90 | 60 | 30 | 20
* картуша складирана на температура oд 20°C
Картуша: 165 ml, 300 ml
TEКAFIX Anchor VE Plus
За лепење на многу оптеретени сидра во камен, бетон, лесен бетон и цигли, кои може постојано да бидат под нивото на водата. Исклучително добра адхезија на сите градежни материјали, дури и влажни. Брзо се стврднува, се користи на ниски температури и под нивото на водата. Може да поднесе многу големи оптеретувања. На вертикалните подлоги не се лизга. На површините создава водонепропустлива бариера. Отпорно е на оган и се употребува и во контакт со водата за пиење.
Tемпература при вградување: -10* | -5* | 5 | 15 | 25 | 35
Време на врзување: 50 | 40 | 20 | 9 | 5 | 3
Потребно време за стврднување: 240 | 180 | 90 | 60 | 30 | 20
* картуша складирана на температура oд 20°C
Картуша: 300 ml
TEКAFIX for Swelling Таре
За лепење на експандирачки ленти (ТekaSwell) на градежни материјали. Одлична адхезија на повеќето градежни материјали (бетон, метал, пластика, дрво), дури и влажни. Има добра отпорност на разни атмосферски влијанија (дожд, екстремни температури, снег), УВ зраци и стареење. Не предизвикува корозија.
Формирање на кора: ≈ 20 минути (23°C/50% рел. влажност)
Време на стврднување: 2 mm/ден (23°C/50% рел. влажност)
Температура на нанесување: oд +5°C дo +30°C
Тврдост: 45 ± 5 (ISO 868)
Температура на постојаност: oд -40°C дo +90°C
Картуша: 290 ml
TEКAFIX Anchor VE-2
За лепење на оптеретени сидра во камен, бетон, лесен бетон и цигли, кои може да се постојано под нивото на водата. Погодно е за пристаништа и тунели. Одлична адхезија на сите градежни материјали, дури и влажни. Брзо се стврднува и се употребува и на ниски температури и под нивото на водата. Може да поднесе многу големи оптеретувања. На вертикалните подлоги не се лизга. Создава водонепропустлива бариера. Не содржи стирен.
Tемпература при вградување: -10* | -5* | 5 | 15 | 25 | 35
Време на врзување: 50 | 40 | 20 | 9 | 5 |
Потребно време за стврднување: 240 | 180 | 90 | 60 | 30 | 20
Картуша: 300 ml
TEКAFIX МЅ Spray
За ефикасно лепење во индустријата за мебел, автомобилската индустрија и во металната индустрија. Погоден е заштита од корозија или механички оштетувања. Многу добра адхезија на разни подлоги, дури и на влажни. Може да се бои. По стврднување постигнува одлични механички својства, многу е отпорен на разни временски услови и УВ зрачење. Може да се распрскува со соодветна опрема.
Формирање на кора: ≈ 25 минути (23°C/50% рел. влажност)
Време на стврднување: 2 mm/ден (23°C/50% рел. влажност)
Температура на нанесување: oд +5°C дo +30°C
Тврдост: 40 ± 5 (ISO 868)
Температурна постојаност: oд -40°C дo +90°C
Црево: 600 ml
TEКAFIX PU Universal
За професионално прицврстување и лепење на разни дрвени делови, лепење на агли на прозорци и врати, лепење на подни лајсни и ламинати како и за прицврстување на разни знаци и табли. Одлична адхезија на дрво, метал, керамика итн. За спој дрво-дрво одговара на стандардот EN 204 D4. Многу силна и цврста адхезија. Отпорен е на вода, хемикалии, атмосферски влијанија како и стареење. Не содржи растворувачи. По стврднувањето може да се бои и бруси.
Формирање на кора: ≈ 8 минути (23°C/50% рел. влажност)
Време на стврднување: 2 mm/ден (23°C/50% рел. влажност)
Температура на нанесување: oд +5°C дo +35°C
Температурна постојаност: oд -40°C дo + 110°C
Картуша: 300 ml
TEКAFIX Folie
За лепење на разни видови на фолии на покривната конструкција, за лепење и фиксирање на преклопни фолии, за лепење и прицврстување на запечатувачки ленти кај вградување со заштеда на енергија. Одлична адхезија на повеќето фолии и градежни материјали (дури и влажни). Брзо се лепи и не се лизга. Ги обезбедува спојките кои не пропуштаат воздух и пареа. Не содржи растворувачи.
Формирање на кора: ≈ 20 минути (23°C/50% рел. влажност)
Температура на нанесување: oд +5°C дo +35°C
Температурна постојаност: oд -20°C дo +80°C
Картуша: 300 ml
TEКAFIX Aquarium
За лепење на стакла при изработка на аквариуми и за запечатување на поголеми стаклени конструкции. Одлична адхезија на стакло, профилирано (копелит) стакло, керамика, глазирани површини и алуминиум. Во стврдната состојба е физиолошки беспрекорно. Во вертикалните фуги не се лизга. Се одликува со хемиска отпорност и со отпорност на УВ зраци. Аквариумите до 150 l може да се направат без допопнитепни зајакнувања.
Формирање на кора: ≈ 20 минути (23°C/50% рел. влажност)
Време на стврднување: 2 mm/ден (23°C/50% рел. влажност)
Температура на нанесување: oд +5°C дo +40°C
Тврдост: 25 ± 5 (ISO 868)
Температура на постојаност: oд -40°C дo +180°C
Картуша: 300 ml
TEКAFIX Multi Use
За повеќенаменска употреба (заптивање и лепење во кујни, купатила и други простории во домот). Во целост го заменува механичкото прицврстување. Одлична адхезија на повеќе материјали (метали, дрво, алуминиум, цигла, челик, бакар, бетон, керамика…), дури и на влажни површини. Отпорен е на мувла, на разни временски влијанија (дожд, екстремни температури, снег), стареење и УВ зраци. Не предизвикува корозија.
Формирање на кора: ≈ 20 минути (23°C/50% рел. влажност)
Време на стврднување: 2 mm/ден (23°C/50% рел. влажност)
Температура на нанесување: oд +5°C дo +30°C
Тврдост: 50 ± 5 (ISO 868)
Температурна постојаност: oд -40°C дo +90°C
Картуша: 280 ml
Туба: 60 ml
TEКAFIX Windscreen
За лепење и заптивање на ветробрански и други стакла на куќиштето на патничките автомобили, автобуси, возови, приколки, вилушкари, тракторски кабини. Има одлична адхезија на сите видови на метали, керамика, лакирани дрва и разни видови на пластики. Брзо се стврднува. Може да се фарба со повеќето бои. Не содржи растворувачи. Има отпорност на сите временски услови и на УВ зрачење. Во вертикалните фуги не се лизга и не предизвикува корозија.
Формирање на кора: ≈ 10 минути (23°C/50% рел. влажност)
Време на стврднување: 3 mm/ден (23°C/50% рел. влажност)
Температура на нанесување: oд +5°C дo +30°C
Тврдост: 50 ± 5 (ISO 868)
Температурна постојаност: oд -40°C дo +90°C
Картуша: 290 ml
Црево: 600 ml
TEКAFIX HT
За разни брзи лелења во градежништвото, машинството, индустријата и сите домашни примени. Заменува механичко прицврстување и идеално е за лепење на потешки предмети. Многу добра адхезија на бетон, цигла, дрво, метал, керамика, разни видови на пластика… Се базира на МЅ полимер, кој развива висока почетна тврдост на лепење. Погоден е за лепење на вибрациски спојки. Не се лизга во вертикалните фуги. Не предизвикува корозија.
Формирање на кора: ≈ 5 минути (23°C/50% рел. влажност)
Време на стврднување: ≈ 2 mm/ден (23°C/50% рел. влажност)
Температура на нанесување: 55 ± 5 (ISO 868)
Тврдост: 55•5 (ISO 868)
Температурна постојаност: oд -40°C дo +90°C
Картуша: 290 ml