Stock status
TKK 40 спреј
Висококвалитетен повеќенаменски спреј. Се користи за подмачкување и олабавување на заглавени механизми, заштита на метални површини од влага и корозија, чистење на масти и нечистотија, отстранување на остатоци од лепак и честички корозија.
- Водоодбивен
- За внатрешна и надворешна употреба
- Може да се користи под различен агол (360°) во зависност од потребата
ТКК Spacer
За полесно фиксирање на положбата на изолациските плочи на ѕид при истовремена употреба на полиуретанското лепило Tekapur lnsulation Adhesive. Одлично се прилепува на сите материјали. Овозможува побрзо, полесно и попрецизно поставување на изолациските плочи (посебно на местата каде се појавуваат нерамнини). Спречува лизгање на плочките и ја зголемува силата на прицврстување.
Пакување: 200 парчиња
SMOOTHING Kit
Глеталки за естетска обработка на фуги и спојки. Овозможуваат чисто, едноставно и прецизно израмнување на нанесените заптивачки маси во посакуваната форма во фугите. Иновативниот дизајн на глеталката ги овозможува сите видови на естетско обликување на фуги. Корисни се за конечна обработка на сите видови на заптивачки маси.
Пакување: 3 парчиња во сет (различни димензии), 1 парче (различни димензии)