Stock status
ТЕКАЅОL Brake Cleaner
Средство за ефикасно чистење на сопирачки и на сите делови на сопирачки (дискови или плочи на сопирачки), извалкани со маснотија, масло, смола, стврднати масни остатоци. Се користи за сите варијации на системите за сопирање (дискови, барабани, АВЅ). Овозможува полесно одржување на сопирачките, а истовремено ја подобрува и ефикасноста на сопирањето и го продолжува работниот век на системот за сопирање.
Аеросол доза: 400 ml
ТЕКАЅОL Zinc 98%
Заштитен премаз за метал. Создава цврст и долготраен метален премаз кој ги штити металните површини од корозија и од атмосферски влијанија како што се вода и сол. Може да се префарба или да се остави како конечна заштита на металот. Посебно е погоден за заштита на заварените галванизирани делови.
Аеросол доза: 400 ml
ТЕКАЅОL Apursil
Универзално средство за чистење за секое домаќинство и за општа употреба кое добро одмастува и растопува. Извонредно ефикасно чисти дамки на теписи и остатоци од самолепливи етикети како и разни лепила (отстранување на автомобилски вињети). Многу корисно при чистење на горните делови од шпорети, аспиратори, вц шољи, туш-кабини и накит. Отстранува и остатоци од стврднат силикон и PU пена.
Аеросол доза: 150 ml
ТЕКАЅОL Silicone Spray
Спреј за подмачкување, заштита и вадење на калапи кои се користат во работа со пластика, дрво, гума и метал. Посебно е погоден за модели кои се користат ва разни техники на обликување на производи како што се вбризгување, стискање, влевање итн. Погоден е и за обработка на млазници кај кои спречува мешање и создавање на кора. Употреблив е кај пластични материјали како полиамид, полиетилен, полистирен, полиуретан, поливинилхлорид, фенопласти и аминопласти. Создавањето на многу тенок слој од силиконскиот филм ја штити површината и има ефект на подмачкување.
Аеросол доза: 400 ml
ТЕКАЅОL Marking Spray
Спреј за означување на разни површини (надворешни и внатрешни), примерен за хоризонтално означување, означување на паркинзи, опасни зони и за ограничување на работните површини. Има добра адхезија на површините од дрво, метал, стакло, текстил, бетон и готово сите видови на пластика. Има многу силна и видлива боја. По нанесувањето брзо се суши.
Аеросол доза: 500 ml
ТЕКАЅОL Degrip
Спреј за одмотување и отпуштање на материјалите зафатени со р’ѓа и оксидација. Го подобрува процесот на одвртување на завртките, навртките, зглобовите и на сите механички делови. Погоден е и за заштита на металите од корозија и влага. Не е штетен за метали, дрво или гума. Обезбедува голема сила на растворување и пенетрација. Остава долготраен, водоотпорен заштитен филм и го продолжува животниот век на механичката опрема.
Аеросол доза: 400 ml
ТЕКАЅОL PTFE
Мазиво за подмачкување на машини (превентивно одржување) и спречување на триење меѓу подвижните површини, како што се шарки, зглобови, ланци, сите подвижни делови. Ги подмачкува и штити површините од влага и прилепување. Компатибилна е со разни видови на пластики и не ги оштетува исфарбаните површини. Овозможува одлична заштита од корозија и го продолжува времето до следното подмачкување (кога ќе исчезне мазивото, PTFE ја презема улогата на мазиво уште некое време). Отпорно е на слаби киселини, алкалии и солена вода. Не содржи силикон. Може да се користи на температури од -15°C дo +150°C, привремено до +250°C.
Аеросол доза: 400 ml
ТЕКАЅОL MF 101
Повеќенаменски и високо ефикасен спреј за чистење и подмачкување на шарки, тркала, лежишта, ланци, менувачи на велосипеди, рачки од брави, прозорци и други механизми како и за заштита на метални површини и на електрични системи од влага и корозија. Делува брзо и долготрајно. Ги ослободува закочените механизми и прави заштитен слој од рѓа.
Аеросол доза: 400 ml
ТЕКАЅОL Welding
Спреј за чистење и заштита во процесот на заварување. Ги штити алатот и елементите за заварување од лепење на капки од метал. Овозможува едноставно чистење и замена на распрскувачот. Ја продолжува употребата на диспанзерот за заварување. Не влијае на заварувањето ниту пак на подоцнешното лакирање, поцинкување или хромирање.
Аеросол доза: 400 ml
ТЕКАЅОL Universal Grease
Мазиво за спречување на триење помеѓу машинските делови и подвижните површини, како што се шарки, брави, мотори и лежишта. Може да се употребува на температури од -10°С до +50°С. Идеално за подмачкување на тешко достапни машински делови. Високо отпорно на солени, кисели и базни раствори како и на сите временски влијанија. Отпорна е на вода, овозможува одлична заштита и долготраен квалитет на подмачкувањето. Обезбедува добра постојаност и во екстремни услови.
Аеросол доза: 400 ml
ТЕКАЅОL Universal Adhesive
Универзално неопренско лепило во спреј за употреба на површини како што се метал, дрво, стакло, полиуретанска пена, хартија, пластика, тапети, ткаенини, плута, РЕ, најлон… Овозможува чиста и едноставна примена. Веднаш развива добар степен на адхезија.
Аеросол доза: 250 ml